Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕП: ЕУ мора да изврши институционални реформи за се подготви за прием на нови членки

0
By Marija Todorovska on September 24, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Pixabay
Фото: Pixabay
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Паралелно со пристапните процеси на кандидатите за членство во ЕУ, самата Унија мора да ги спроведе неопходните внатрешни реформи со што ќе стане поинтегрирана, поефикасна и подемократска, помалку ќе се придржува до консензусот при носење и ќе обезбеди посилна улога на Европскиот парламент.

Ова се наведува во Извештајот за институционалните последици од преговорите за проширување на ЕУ, што синоќа го усвои Комитетот за уставни прашања на Европскиот парламент со 18 гласа „за“, девет „против“ и ниту еден „воздржан“.

Во Извештајот, подготвен од европратеникот Сандро Гоци од либералната партија Италија Живее (ИВ), се предлага повторно воведување на механизмот за „статус на набљудувач“ за земјите кандидати за членство и се наведува дека на Унијата и се потребни нови финансиски ресурси и прилагодена институционална поставеност со цел да биде посилна и да може да се прошири.

Проширувањето е историска обврска и стратешки приоритет за ЕУ, се наведува во Извештајот, при што се додава дека тој процес мора да остане заснован на заслуги и дека земјите кандидати за членство мора да ги почитуваат европските вредности.

Европратениците предлагаат и спроведување на кампањи за поттикнување и одржување на довербата во јавноста за придобивките од проширувањето и за спротивставување на ширењето дезинформации и на странското мешање, Исто, така се потенцира и важноста на меѓупарламентарната соработка и поддршката од Европскиот парламент во градењето консензус и спроведувањето на реформите поврзани со пристапувањето.

Во документот посебно се нагласува и потребата од промени во начинот на одлучување во Унијата, особено преку намалување на потпирањето на принципот на консензус меѓу земјите членки при носењето одлуки во Советот на ЕУ, односно Европскиот совет. Отстапувањето од принципот на консензус, според европратениците, посебно би требало да важи за одлуки поврзани со заштита на вредностите на ЕУ.

Извештајот, исто така, предлага и „прилагодување на големината и функционирањето“ на Европскиот парламентот, Советот на ЕУ и Еврокомисијата, со цел да се зголеми ефикасноста, да се обезбеди демократска застапеност и да се заштити институционалната рамнотежа во идната проширена Унија. При тоа, посебно се нагласува потребата од зголемување на улогата на Европскиот парламент како козаконодавец и буџетски орган.

Според известувачот Гоци, Извештајот јасно става до знаење дека вистинското прашање не е дали Европската Унија треба да се прошири, туку како да се обезбеди нејзино зајакнување со проширувањето.

Цената на непреземањето ништо е едноставно превисока и премногу ризична. Реформите повеќе не се избор, туку итна потреба. Нашите предлози поставуваат пат за поефикасна, демократска и моќна Унија, способна да дејствува побрзо, да зборува во еден глас и да ги застапува граѓаните. Мораме да ја реформираме Унијата, за да ја обединиме Европа, оцени Гоци.

Извештајот сега треба да биде ставена на усвојување на пленарната седница на ЕП што ќе се одржи од 20 до 23 октомври во Стразбур, по што европратениците очекуваат тој да биде земен предвид при подготовките на претстојните реформи на ЕУ и при анализите на политиките на Комисијата за проширувањето.

Според Европскиот парламент, се очекува реформите поврзани со подготовките за членство во ЕУ да ја поттикнат стабилноста и да го зајакнат владеењето на правото во земјите кандидати и воедно да и обезбедат на Унијата заштита и ширење на своите фундаментални вредности.

Во однос на самото проширување, се посочува дека тоа донело значителни економски придобивки во сите нови членки, при што земјите кон пристапија во ЕУ во 2004 година во изминативе 20 години во просек остварија раст на БДП по глава на жител за 30 отсто. Се проценува дека идните проширувања би донеле прилив од 10.000 милијарди американски долари во БДП на ЕУ до 2035 година и би го намалиле економскиот јаз меѓу Европската Унија и САД.

Европски парламент ЕУ проширување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025
ФОКУС

Трамп: Во моментов разговарам со Путин

ВЕСТИ October 16, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди на својата социјална мрежа Truth Social дека неговиот разговор со…

Закажано првото рочиште за трагедијата во Кочани – судскиот маратон почнува на 19. ноемнври

October 16, 2025

Денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, досега пријавени 43.000 граѓани, продолжува пријавувањето

October 16, 2025

Кијив: Големи руски напади ја прекинаа струјата во украинскиот главен град и во повеќе други региони на земјата

October 15, 2025
ТИКЕР

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.