Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕП: Македонија е во опасност

0
By Нова ТВ on May 22, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Светлана Јовановска од Брисел за НОВА

Преговорите за членство со Македонија треба да почнат во јуни а земјата треба до тогаш да ја формира Анкетната комисија за 24 декември и да постигне напредок особено во слободата на медиуми. Ова е кусото резиме на едночасовната дебата која вечерва се одржа во Европскиот парламент (ЕП) во Стразбур и на која беше ставен на дневен ред извештајот на британскиот пратеник Ричард Ховит.

Тој самиот пред се побара земјата да почне преговори за членство но потсети и на тешката реалност во нашата земја со оглед на етничките тензии од минатата година и настаните од 24 декември во Собранието. “Идниот напредок на земјата кон Европа е во опасност.

Демократската кредибилност на земјата е доведна под знак на прашање“ и ја повика Македонија да направи значителен напредок околу Комисијата за 24 декември, меморандумот за разбирање помеѓу политичките партии, дијалогот за слободата на изразувањето.

Самиот Ховит, за да и остави на земјата време да напредува во реформите, во март го одложи својот извештај за Македонија и го премести на крајот на мај во надеж дека тој нема да биде негативен. За жал, во бараните реформи не беше направе прогрес.

И другите парламентарци кои зборуваа го делеа главно мислењето на Ховит: Македонија мора да почне да преговара за членство со ЕУ и тоа веќе во јуни, но пред земјата стои уште многу работа.

Проблемите со Бугарија не најдоа многу простор во дебатата. Но затоа спорот со Грција беше една од темите на пратениците. За многумина беше важно преговорите да почнат и бараа од земјите членки да и овозможат на Македонија да го почне процесот на преговори.

Комесарот за проширување Штефан Филе потсети на неговата идеја од минатата есен кога беше предложено да се почнат преговори со кои се ќе даде елан за да се реши името. Во таа идеја главната точка беше да и се даде гаранција на Грција дека Македонија ќе почне со процесот на “скрининг“ а дека преговарање на поглавијата нема да биде отворено се додека не биде решен спорот. “Зошто да не сум во право кога го велам ова?“ се запраша Филе одговарајќи на излагања на грчките пратеници кои бараа Македонија да покаже повеќе попустливост во преговори со Атина и да се откаже во антиквизацијата и национализмот пред да почнат преговори за членство.

Огромен број пратеници го споменаа и решението кое се финализира помеѓу Белград и Приштина. “Овие лидери не покажаа помалце храброст од она што се бара денес од Скопје и Атина“, рече Ховит.

Тој исто така предупреди на тоа што сите го знаат а тоа е дека “само напредок на спорот околу името може да ги задржи живи надежите за јуни (з.н.отворање преговори на самитот)“.

Накусо, дебатата за Македонија покажа сите добри и лоши страни на нашата земјата пред која во моментов стојат многу предизвици но отвори и прашања за земјите членки на ЕУ.

“Дали ги користите предизвиците на земјата како добро оправдување (з.н.не се отворат преговори)? Дали навистина размислувате за тоа што ќе и се случи на земјата ако таа се врати во конфликт и фрагментација?“, се запраша Ховит.

“Дали разбирате дека кога сте во ред и ако нон стоп некој ве турка наназад отрфлувајќи ве подалеку и подалку од почетокот на редот, во еден момент ќе се најдете на крајот на опашката? Мојот извештај беше одложен во очекување на крајот на политичката криза. Сега стравувам дека Европскиот совет ќе мора да ја одложи одлуката во јуни. Тоа е можеби подобро отколку ново отфрлање (з.н.на отворањето преговори)“, загрижено им порача Ховит на земјите членки.

Гласањето на извештајот кој ќе стане Резолуција на ЕП е закажано за четврток на напладне.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.