Епидемијата на ебола се шири во западна Африка и покрај преземените мерки. Светската здравствена организација (СЗО) објави дека бројот на починатите од оваа болест се искачил на намалку 1427 лица.
Во Либерија има 624 смртни случаи. Оваа земја е најмногу погодена од заразната болест.
Во меѓувреме, во Нигерија, која досега беше во голема мера поштедена од еболата, се регистрирани два нови случаи на инфицирани лица со опасниот вирус. Властите се алармирани, бидејќи тие немале директен контакт со првиот починат од ебола, кој пристигнал од Либерија.
Досега се инфицирани вкупно 2615 луѓе со смртоносниот вирус, соопшти СЗО и тоа најмногу во Либерија 1082 заразени, потоа Гвинеја, Сиера Леоне и Нигерија. Mеѓутоа, СЗО смета дека темната бројка е многу повисока.