Турција е подготвена на разговори со Талибанците ако е тоа неопходно , изјави денеска, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„ Ако тие тропнат на нашата врата ние ќе ја отвориме за дијалог “ изјави Ердоган по утринската молитва .
Тој го критикуваше западниот свет и исламските земји за нивниот недоволен интерес за грижа за Авганистан, после две декади.
Што се однесува до мигрантскиот бран од Авганистан по преземањето на власта од Талибанците, Ердоган изјави дека Турција ќе овозможи прибежиште на 300.000 бегалци.