Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ги посети погодените подрачја и на местото на настанот ќе биде информиран за состојбата на терен и координацијата на активностите за пребарување и спасување.
Ердоган доаѓа во тие области два дена по разорните земјотреси. Тој денеска ќе престојува во тие опустошени области и се планира по посетата на Кахраманмарас да го посети и Пазарџик, а потоа и Хатај, јавува ТРТ Балкан.
Бројот на загинати во Турција и Сирија од час во час се зголемува и моментално надминува 9.500.
Бројот на загинати во Турција се искачи на 6.957, соопшти агенцијата за катастрофи на земјата.
Тешко е да се потврди билансот во Сирија, но државните медиуми и спасувачката група велат дека загинале околу 2.500 луѓе.