Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ердоган го пофали ставот на папата Лав за палестинското прашање

0
By Zoran Ivanov on November 27, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 27, 2025 21:08

Турскиот претседател Таип Ердоган денеска го пофали ставот на папата Лав за палестинското прашање по состанокот во Анкара и изрази надеж дека неговата прва странска посета како католички лидер во време на тензии и неизвесност ќе му користи на човештвото.

Го пофалуваме проницливиот став (на папата) за палестинското прашање, рече Ердоган во обраќањето до Лав XIV и политичките и религиозните лидери во претседателската библиотека во Анкара.

Нашиот долг кон палестинскиот народ е правдата, а основата на тоа е итно спроведување на визијата за решение со две држави врз основа на границите од 1967 година. Слично на тоа, зачувувањето на историскиот статус на Ерусалим е клучно, рече Ердоган.

Лав се сретна со израелскиот претседател Исак Херцог во Ватикан во септември и разговараа за „трагичната ситуација“ во Газа.

Обраќајќи се кон Ердоган, папата Лав ја изрази својата благодарност за топлото добредојде што му беше упатено.

Тој зборуваше за Турција како земја „неразделно поврзана со потеклото на христијанството“, но и „земја што ги повикува сите деца на Авраам, муслимани, христијани и Евреи, да ја препознаат различноста не како поделба, туку како пат кон братство“, објави „Ватикан Њуз“ (Vatican News).

Во свет оптоварен со поларизација и екстремни ставови, општествата ризикуваат фрагментација, предупреди Папата.

Тој изрази жалење што светот е невообичаено полн со крвави конфликти, предупредувајќи за време на своето прво патување надвор од Италија дека третата светска војна „се води во делови“ со иднината на човештвото во опасност.

Во својот прв говор во странство по неговиот избор во мај за поглавар на Црквата со 1,4 милијарди членови, Лав, првиот американски папа, рече дека светот е дестабилизиран од „амбиции и избори што ја газат правдата и мирот“.

Тој им рече на политичките лидери во Турција, каде што е во посета до недела, дека светот доживува „зголемено ниво на конфликт на глобално ниво, поттикнато од преовладувачките стратегии на економска и воена моќ“.

Не смееме да попуштиме на ова на никаков начин, иднината на човештвото е во прашање, рече папата.

Турција е првичната дестинацијата на првото апостолско патување на Папата, кое го вклучува и Либан, а по повод одбележувањето на 1700-годишнината од Никејскиот собор.

 

Ердоган Папа Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.