Реџеп Таип Ердоган денеска положи заклетва пред Парламетот со што и официјално стана новиот претседател на земјата.
Ердоган на функцијата премиер ќе го замени новиот лидер на владејачката Партија на правдата и развојот, Ахмет Давутоглу.
На 10 август, Ердоган победи на првите директни избори за претседател на Турција, по што поднесе оставка од премиерската функција и од лидерската позиција на партијата.
Во Анкара на инагурацијата присуствуваа 93 странски делегации, а македонската ја предводи претседателот Ѓорге Иванов.