Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган ги повика жените да „имаат најмалку три деца за да ја одржуваат нацијата”, во говорот одржан во Истанбул.
„Мое право како премиер е да кажам дека би било добро жените да имаат најмалку три деца”, изјави Ердоган во говорот по повод завршувањето на Рамазан.
„Ако Владимир Путин може тоа да го бара во Русија, зошто Ердоган тоа да не го стори во Турција? Треба да се поддржува нацијата”, додаде Ердоган повикувајќи ги мајките коректно да ги одгледуваат децата, а татковците да ги поткрепуваат финансиските и економските потреби на семејствата.