Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ердоган прогласи победа- ќе се справам со непријателите

0
By Нова ТВ on March 31, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 31, 2014 09:00


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган објави победа на локалните избори во земјата. Првичните резултати покажуваат дека партијата на Ердоган освоила околу 44 до 46 проценти од гласовите, а опозицијата 23 до 28 отсто.

Говорејќи пред неговите приврзаници од седиштето на партијата Ердоган изјави дека ќе се справи со непријателите кои го обвинија за корупција и кои одадоа државни тајни. Тој порача дека тие ќе платат за тоа.

По повеќемесечна жестока борба за власт меѓу Ердоган и неговите противници, во Турција, по три години, повторно избирачите го кажаа својот збор.

Локалните избори се третираат како тест на расположението на избирачите во однос на Ердоган, кој на лето сака да се кандидира за функцијата претседател, по повеќе од 10 години на премиерската функција.

„Нема веќе стара Турција. Новата Турција е овде. Денеска е ден на победата на нова Турција, 77 милиони луѓе обединети како браќа“, рече во својот говор Ердоган додека сопартијците под балконот му извикуваа дека се горди на него.

На изборната кампања доминираше борбата за власт меѓу Ердоган и умерениот, влијателен клерик Фетхулах Гулен, кој го обвини премиерот дека со својата мрежа на следбеници во полицијата и правосудството фабрикува обвиненија за корупција со цел да го симне од власт.

Минатата недела кризата достигна ново ниво откако тајниот состанок на највисокиот ниво за Сирија беше снимен и објавен на YouTube.

Клерикот Фетхулах Гулен не сака било каква вмешаност во протекување на сигурносни податоци и во истрагата за корупција.

Ердоган во моментот на преземањето на власта 2002 немаше доволно свои квалитетни кадри и ја пополни државната администрација со луѓе на Гулен. Гулен, кој со својата организација води широка мрежа на училишта и претставништва, му помогна да ја сузбие моќта на војската во општеството, но односите меѓу нив двајцата „испукаа“ последните години.

Ердоган сега веројатно ќе ја зајакне акцијата против поборниците на Гулен. „Мора да знаете дека Ердоган ќе одговори“, вели турскиот аналитичар Цан Паркер. „Целосно ќе ја исчисти полицијата и правосудството. Ќе ги прогони медиумите кои го поддржуваа протекувањето на сигурносни информации. Ќе рече дека е избран за да ги елиминира. Сигурно нема да омекне“, нагласува Паркер.

Во август Турците ќе ги одржат првите непосредни претседателски избори и ваков резултат дополнително ќе го поттикне Ердоган да се кандидира. Иако претседателската положба е церемонијална, Ердоган може да ја искористи за да ги прошири своите овластувања. А и понатаму има опција дека на парламентарните избори 2015 тој по четврти пат ќе се кандидира за премиер.

Резултатите на локалните избори истовремено се тежок удар за опозиционите републиканци. А однесувањето на Ердоган не им влева доверба. „Јасно е од неговиот прв говор по објавувањето на резултатите дека всушност му се заканува на целото општество. Тоа покажува дека не може да му се верува и дека ваквите закани се неприфатливи“, вели потпретседателот на опозиционата партија CHP, Гурсел Текин.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.