Анкара: Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган објави дека Турција ги презема првите чекори кон употреба на заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик. Неговата изјава дојде за време на состанокот на Организацијата на турски држави, кој се одржува во Азербејџан и беше емитуван во живо на неговиот профил на социјалните мрежи.
Ердоган порача дека првиот чекор во оваа насока е направен со печатењето на оваа азбука на дело посветено на киргискиот писател Чингиз Ајматов.
Ваквите чекори за обединување на правописот и употреба на заедничка азбука имаат за цел да ги зближат народите културно и економски.