Кристијан Ериксен се наоѓа во центарот на вниманието на фудбалската јавност после вчерашниот немил настан на натпреварот помеѓу Данска и Финска.
Од фудбалскиот сојуз на Данска утрово се огласија со официјални информации дека Ериксен и натаму е во стабилна состојба.
„Ова утро зборувавме со Кристијан Ериксен кој испрати порака за благодарност до своите соиграчи. Неговата состојба е стабилна и ќе остане во болница додека завршат сите тестови и прегледи.“ – се наведува во соопштението.
„Екипата и стручниот штаб беа во шок после вчерашните случувања, но продолжуваме да бидеме заедно еден до друг. Благодариме на сите за пораките за поддршка за Ериксен. Ќе се обидеме сите овие пораки да ги пренесеме на Ериксен и неговото семејство.“
Репрезентативците на Данска беа поразени од Финска на нивниот прв меч на Европското првенство (ЕП), но мечот падна во втор план поради тоа што се случуваше вистинска драма на теренот затоа што Кристијан Ериксен колабираше и мораше да интервенираат лекарите.