Новинарката на БИ-БИ-СИ, Ребека Морел, со група туристи се наоѓале во близина на вулканот Етна на Сицилија кога дошло до ерупција и на нив почнало да паѓаат врели камења.
На видео снимката која Морел ја објави на „Твитер“ може да се види како туристите бегаат кон минибусот, со кој подоцна избегале на сигурно.
Во инцидентот не настрадал никој, иако голем број на луѓе се здобиле со повреди на главата, изгоретини, исеченици и модринки.
Италијанските власти наведуваат дека во моментот на ерупција на вулканот се наоѓале 35 туристи.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=45&v=U6VdXmqE1Cg