Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ерван Фуере: Директна акција на ЕУ за излез од кризата

0
By Нова ТВ on April 14, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 14, 2015 17:21

Опасно е да се претпоставува дека стабилноста на Македонија не остава место за загриженост, пишува во коментар за Центарот за европски политички студии Ерван Фуере, поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија.

Во својата анализа Фуере објаснува дека сегашниот политички рецепт на ЕУ кон Македонија и регионот, со целосен фокус на стабилноста, не може да биде успешен бидејќи истовремено оди на штета на владеењето на правото и одговорноста на владата. И ја повикува ЕУ да ги употреби сите свои инструменти за да ја реши македонската криза не само заради Македонија туку и целиот регион.

Реакцијата на ЕУ од почетокот на “бомбите” на опозицијата е бавна и ограничена на изјави од типот на “сериозна загриженост” и повици за “независна и транспарентна истрага”. Но, според Фуере, овие изјави ставаат на знаење дека ЕУ нема допир со реалноста на теренот иако нејзиното извршно тело – Европската комисија (ЕК) – барем во последните два извештаи за напредок јасно вели дека е загрижена поради независноста на судството.

Јасно е дека единствен пат за излез од кризата е посилна и директна акција на ЕУ во Македонија, преку ЕУ и Службата за надворешна акција со која раководи Федерика Могерини, служба која досега молчи, предлага Фуере.

Еден од предлозите на Фуере е Советот на ЕУ да се фокусира на кризата пред таа да се влоши. Предлог кој очигледно ќе биде прифатен бидејќи високи дипломатски извори за НОВА денес потврдија дека идната недела Советот на ЕУ ќе донесе заклучок за Македонија.

Понатаму, според Фуере, ЕУ мора да се избори за независна истрага на прислушувањето со учество на познати и респектирани меѓународните личности кои, помеѓу другото, би можеле да повикуваат сведоци. «Да му се остави ова на јавниот обвинител е некредибилно поради мешањето на власта во многу случаи во судството», вели Фуере кој додава дека самата ЕК ја заклучила во своите извештаи токму тоа мешање на власта во судството.

Актуелната влада во Македонија повеќе нема кредибилитет, вели Фуере. И предлага формирање на транзициска влада чија задача би била подготовка на нов изборен процес и би ја вратила кредибилноста во државните институци.

Токму за овој процес на враќање на кредибилноста ЕУ, предлага Фуере, би требало да назначу специјален претставник во Македонија за одреден период од неколку месеци.

Освен тоа, ЕК би морала да го смени пристапот кон земјата. «Со тоа што (ЕК) продолжува да подвлекува, во последните два извештаи, дека «земјата доволно ги исполнува политичките критериуми» и покрај избликот на насилство на Парламентот во декември 2012 година и други сериозни недостатоци во реформите, таа им давав печаток на премиерот и неговата владеачка партија дека можат да продолжат да работат без одговорност», предупредува Фуере. На тој начин, ЕУ ја минира својата сопствена политика на воведување на правна држава во земјите кандидати.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 18, 2026

Брисел: Марко Маковец во името на ЕУ ќе го мири Балканот

ВЕСТИ July 18, 2026

Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација…

ЕК за Македонија: Мешање и притисок врз судството

July 17, 2026

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

July 17, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.