Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕСЕ: За превенција на рак на грлото на матката годинава се одвоени помалку пари од 2018

0
By Нова ТВ on February 4, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 4, 2020 15:12

Од карцином на грлото на матката во периодот од 2012 до 2018 година починале 269 жени, а годинава во Програмата за скрининг, државата одвојува дури  2,3 милиони денари помалку од 2018 година

Ваквите тврдења од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените-ЕСЕ ги поткрепуваат со фактот дека во 2018 година преку Програмата за скрининг,  на преглед биле поканети 52.577 жени (9,6% од целната популација), додека ПАП тест направиле 43.103 жени, односно само 7,9% од целната популација.

„Иако во 2018 година се опфатени двојно повеќе жени за разлика од 2011 година, сепак опфатот е далеку под потребниот опфат на 75% од жените од целната популација. Нискиот опфат на жени со Програмата за скрининг на карцином на грло на матка се должи пред се на нискиот буџет за оваа Програма“, велат во ЕСЕ.

Од таму посочуваат дека со намалениот буџет за оваа година ќе бидат опфатени помалку жени, а за што повеќе жени да ја користат оваа Програма, велат дека Министерството за здравство треба да обезбеди 54.383.186 денари на годишно ниво, со што ќе се овозможи опфат на 80% од жените на возраст од 24 до 60 години.

„За Програмата за 2020 година Министерството издвојува 7.670.000 денари и планира да опфати само 21.000 жени. Загрижува податокот што буџетот за Програмата за 2020 година е за 2.4 милиони денари помал од буџетот за Програмата за 2018 година (кога изнесувал 10.080.000 денари). Со ваквиот начин на планирање ресорното министерството обезбедува средства за опфат на само околу 11% од целната популација на жени“, тврдат во ЕСЕ.

Во анализата се посочува дека дополнителен проблем е недоволниот број на матични гинеколози бидејќи во државата недостасуваат 158 матични гинеколози во Примарната здравствена заштита.

Поради ова над 50% од жените немаат избрано матичен гинеколог и не можат да бидат покриени со Програмата за скрининг. Дополнително, сите матични гинеколози не се вклучени во спроведувањето на овој скрининг.

За да се зголеми опфатот со скрининг за ракот на грлото на матката потребно е во процесот на земање на ПАП, да се вклучат и останатите здравствени установи, како што се општите и клиничките болници, како и специјалистите по семејна медицина во примарната здравствена заштита. На овој начин ќе се надмине пречката за спроведување на Програмата која резултира од недоволниот број на матични гинеколози“, потенцираат од ЕСЕ.

Сметаат дека е потребно е да се воспостави една национална програма за скрининг на ракот на грлото на матката, каде што прецизно ќе се дефинираат критериумите и одговорностите на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување. Ова го поткрепуваат со фактот дека години наназад и Министерството за здравство и Фондот паралелно предвидуваат превентивни активности за рано откривање на ракот на грлото на матката, преку гинеколошки преглед со ПАП тест, без да имаат меѓусебна комуникација и координација.

Министерот Филипче, на одбележувањето на Светскиот ден за борба против ракот, во делот за карциномот на грлото на матката потенцира дека во државата има вакцина за превенција.

„Во сферата на ракот на грлото на матката имаме најсовремена четиривалентна вакцина за која се повеќе млади жени и девојки покажуваат интерес да се вакцинираат. Целокупниот дел на партиципација сега го покрива државата. Ниту еден пациент кој има малигна болест не само за процесот на лекување на основната болест, туку и за сите контролни прегледи сега не плаќа партиципација“, рече Филипче.

Бројот на заболени од сите видови на карцином постојано се зголемува. Фрапантни се податоците од  Здружението за борба против рак „Борка – за секој нов ден“, дека годишно се дијагностицираат 7.807 новозаболени од кои 2.700 имаат карцином на белите дробови и на дојката. Годишно умираат 4.116 од заболените од карцином.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.