Високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон од утре ќе присуствува во дводневна посета на Украина, со цел да помогне во решавањето на политичката криза во државата, соопштува Европската комисија.
Според предвиденотот, Ештон треба да се сретне со украинскиот претседател Виктор Јанукович, премиерот Микола Азаров, како и опозициските лидери.
-Посетата треба да помогне во пронаоѓање пат за решавање на политичката криза во Украина и унапредување на дијалогот помеѓу власта и опозицијата, вели претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо.
Во Украина веќе неколку недели траат масовните протести иницирани по одлуката на Јанукович да не го потпише Договорот за приклучување во ЕУ.