Украинските власти ќе бидат принудени да ги применат законските одредби, доколку не запрат провокаторите во Киев, изјави премиерот Микола Азаров во интервју за една руска телевизија.
Околу 2.000 лица со 200 автомобили ги блокираат денеска едниците на Внатрешните армиски сили во Лвов и не им дозволуваат да се упатат кон Киев, јави ИТАР-ТАСС. Поради што војската не може да го обезбеди јавниот ред во градот, се наведува во соопштението.
Жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата во Киев и неколку други украински градови продолжија и денеска, на првиот ден откако стапи на сила новиот Закон за забрана на протестите во Украина.
Лидерот на опозицијата Виталиј Кличко изјави дека владата плаќа луѓе кои предизвикуваат провокации меѓу демонстрантите со цел да се деградираат протестите.
Антивладините демонстранти фрлаа молотови коктели, камења и петарди врз полицијата која возврати со гумени куршуми и шок бомби.
Министерството за внатрешни работи на Украина соопшти дека досега се уапсени 50 лица кои учествуваа во судирите со полицијата во изминатите неколку дена во Киев.
Неколкумина полицајци се повредени и денеска од молотовите коктели на демонстрантите.