Околу 5.000 демонстранти револтирани од максималните затворски казни изречени за случајот Смилковско езеро, денеска се судрија со полицијата.
Како што информира репортерот на НОВА, Дехран Муратов, демонстрантите се обиделе да го пробијат полицискиот кордон и да влезат во судот. Тие фрлаат камења врз институцијата, а неколку прозори се веќе искршени.
Демонстрантите упатиле вербални закани и кон новинарите на кои им рекле да не снимаат.
Поворката тргна од пред Јаја Паша џамијата во скопската населба Чаир се упати кон Бит пазар, а сега е пред судот во Скопје.
Демонстрантите со себе носат пароли „Ние не сме терористи“, „Јанкуловска е терорист“, „Бараме правда“, „Чиста Албанија“, постојано извикуваат УЧК.
Граѓаните протестираат против максималните доживотни казни изречени за петкратното убиство кај Смилковското Езеро. Тие се организараа преку социјалните мрежи, а сметаат дека обвинението нема цврсти докази за изречените шест доживотни затворски казни.




