Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ескобар: Очекуваме Србија и Косово да го применат тоа што го прифатија во Брисел

0
By Ана Василевска on March 1, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој присуствуваше на состаноците на лидерите на Србија и Косово и претставниците на ЕУ во Брисел, потврди дека лидерите се согласиле да продолжат напред во дијалогот во согласност со европскиот предлог“, но предупредува дека претстои „тешка работа на имплементација“ на тоа за што се договориле двете страни, пренесува Гласот на Америка.

Американскиот дипломат на „онлајн брифингот за новинарите“ рече дека САД веруваат дека овојпат двете страни се сериозни во намерата да го спроведат договореното и повтори дека европскиот предлог не е за меѓусебно признавање, туку за нормализација на односите.

Лидерите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Албин Курти, на состанокот во понеделникот во Брисел со посредство на високи претставници на ЕУ, усно се согласија дека се подготвени да го продолжат дијалогот во согласност со европскиот предлог за решавање на косовското прашање, но во Брисел ништо не е потпишано, потсетува Гласот на Америка.

„Во консултација со европските партнери, лидерите на Србија и на Косово се согласија да одат напред во согласност со европскиот предлог. Ние го поддржуваме тоа и ако знаеме дека тоа е многу важен чекор, останува напорна работа на имплементацијата на договорот околу анексот на имплементацијата. Тука исто така сакаме да видиме напредок на двете страни“, вели Ескобар.

Тој не одговори конкретно какви пречки може да се појават во понатамошниот процес на примена на тоа што е договорено.

„Има и административни и политички (пречки). Не сакам однапред да зборувам за идните дискусии, но основниот договор за кој се усогласија двете страни дава насоки за имплементација и нормализација на односите. Искрено, има пречки, но има и можности и се надевам дека ќе најдеме механизам да примениме сè – вклучително и Заедницата на српските општини, како и дека ќе се надминат претходните тешкотии во однос на табличките, дипломите, личните документи“, рече Ескобар.

Американскиот дипломат ја повтори позицијата на САД дека Заедницата на српските општини, која косовскиот премиер Албин Курти одбива да ја формира, мора да се формира, бидејќи станува збор за претходно преземена правно обврзувачка ставка од Бриселскиот договор.

„Чекаме да биде формирана и за сето ова да оди напред мора да се формира… Прашање е колку брзо Владата на Косово ќе го направи тоа? Мислам дека со прифаќањето на овој основен договор од вчера, Владата на Косово сфати дека тоа мора да се заврши. Не зборувам за рокови. Но, дискусијата за имплементација треба да започне веднаш“, рече Ескобар.

Тој верува дека лидерите на Србија и на Косово овој пат се сериозни во намерата да го применат тоа што го договориле – и покрај тоа што се уште има несогласувања за суштинските прашања – како што е статусот на Косово.

Брисел Габриел Ескобар СРБИЈА И КОСОВО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.