Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕСМ: Исполнета е уште една обврска – снабдување со поевтина струја за виталните институции

0
By Соња Крамарска on November 25, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во услови на енергетска криза во европски рамки, но и пошироко, ЕСМ исполни уште една обврска произлезена од кризата, а тоа е снабдување со поевтина електрична енергија на прехранбената индустија за основните намирници, на училиштата и водостопанствата, соопшти компанијата.

Ова задолжение дадено од Владата е исполнето навремено и во најкусо време, со цел наведените институции да можат да бидат снабдувани со поевтина енергија веќе од 1 декември. АД ЕСМ ги повикува субјектите кои не поднеле пријава за снабдување, истото да го направат во следниот период, со цел да бидат вклучени во групата за снабдување од 1 јануари 2022г.

Одлуката на Владата беше донесена за да се спречи раст на цените на одредени прехранбени производи и да се постигне и нивно намалување, да се одржи сигурност и континуитет во снабдувањето со вода и одведување и пречистување на води, како и да се обезбеди електрична енергија за училиштата за непречено одвивање на наставата.

На прес-конференцијата во Владата одржана во текот на вчерашниот ден, генералниот директор Васко Ковачевски изјави дека АД ЕСМ ги вложува сите напори, по задолженија од Владата, да ги менаџира и кризата со електрична енергија и кризата со топлинска енергија. По задолжение од Владата АД ЕСМ го презеде парното греење во Скопје, дополнителното снабдување со електрична енергија, 100 посто испорака на електрична енергија кон ЕВН Хоум, наместо 60 отсто како што е по законот, покривање на техничките загуби во системот на ЕВН Електродиструбуција и на МЕПСО, работење на ТЕЦ Неготино, АД ЕСМ самоиницијативно се пријави за снабдување со поевтина електрична енергија итн.

Влогот на АД ЕСМ и големиот ангажман на вработените, особено во термоелектраните, укажуваат дека успешно ќе се справиме со енергетската криза, без рестрикции и сериозни проблеми. Останува заедно да ја пребродиме оваа грејна сезона и да продолжиме со нови инвестиции како единствено издржано и долгорочно решение за справување со евентуални нови енергетски кризи, порача директорот Васко Ковачевски.

Васко Ковачевски ЕСМ поевтина струја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.