Во периодот од 1 јануари до 7 февруари 2023 АД ЕСМ преку капацитетите со кои
располага произведе 699.240 MWh електрична енергија, што е за 40 отсто повеќе
споредено со истиот период во 2022, а дури 86 отсто повеќе од истиот период во
2021 година, соопшти компанијата.
Планот за производство за 2023 заклучно со вчерашниот ден се исполнува
101,50 отсто, велат од ЕСМ. Во соопштението од компанијата се додава и дека позитивните резултати во 2023 се должат на зголемениот ангажман на
вработените како и зголемениот интензитет на работа на РЕК Битола и ТЕЦ Неготино, и подобрената хидрологија.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.