ЕСМ денеска испрати допис до Макпетрол, и до уште две други фирми кои покажале интерес до 20 октомври да достават понуда за гас за периодот ноември-април, соопшти попладнево компанијата по вестите во некои медиуми дека Макпетрол тврди дека не биле контактирани.
Понудата која треба да ја достават се однесува на количини, цена, услови на плаќање и обезбедување преку банкарски гаранции.
Инаку, за периодот ноември-април ЕСМ има потреба од 225 милиони метри кубни природен гас, со кои ќе се покрие максимално работење во наведениот период, на топланите Исток и Запад, Когел и на ТЕ -ТО, доколку и оваа електрана биде интергрирана во електро-енергетскиот систем на ЕСМ, односно биде потпишан договор за деловно-техничка соработка со истата, се наведува во соопштението.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.