Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Есмеров: ВМРО е безопасно маче во скутот на Мицкоски

0
By Нова ТВ on January 8, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Христијан Мицкоски бара предвремени избори, а моли да не ги добие, оценува членот на ВМРО-ДПМНЕ и екс-амбасадор на Македонија во Унгарија, Игор Есмеров. Според него, народот не гледа веќе алтернатива во оваа партија на лошите политики на СДСМ, но пратениците и партиските интелектуалци молчат, а членството е тивко и уплашено гледајќи како ВМРО се распаѓа за сметка на градењето на еден нов политички субјект во името на Левица. ВМРО, вели тој во интервју за „Независен“, е како безопасно маче што спие во скутот на Мицкоски, а неговите досегашни политики навестуваат пораз, уште повеќе што партијата има проблем да најде луѓе кои би се кандидирале под нејзиното знаме.

-Ако до 2016-та СДСМ повеќе наликуваше на дијагноза, а не на партија, сега улогите се сменија, па слободно ‘атрибутот’ дијагноза може да му се додели на раководството на ВМРО, додека пак СДСМ ја презема улогата на државотворна партија. Ако се сеќавате, своевремено СДСМ беше главен кочничар и блокатор и постојано губеше на избори, е сега таа улога ја има ВМРО на чело со Мицкоски, кој нѐ одведе во шести последователен пораз, таканаречен бојкот. Можеме да забележиме дека доколку во минатото за името на ВМРО биле врзувани зборовите отпор, борба, надеж, победа и успех, сега, за жал, ВМРО и во меѓународната и во домашната јавност е позната по бојкот и порази, а истовремено заличува на безопасно маче кое спие во скутот на Мицкоски. Народот не гледа алтернатива во ВМРО и покрај катастрофалните политики на СДСМ, и тоа упорно ни го кажува шести пат по ред, но нашето раководство упорно продолжува да се инаети со народот. Сепак, најразочарувачки од сѐ е тоа што партиските интелектуалци молчат, со чесни исклучоци, членството е тивко и уплашено, а молчат и пратениците гледајќи како ВМРО се распаѓа за сметка на градењето на еден нов политички субјект во името на Левица“, вели Есмеров.

Според него, „Маратонците го трчаат почесниот круг“ е моменталната слика во партијата. Тврди дека нивното членство е разочарано, уплашено и немотивирано, но и дека иако партискиот лидер Христијан Мицкоски бара предвремени избори се моли да не ги добие.

-Јас не можам да разберам што бара ниту, пак, некој друг може да го разбере. Бара парламентарни избори, а бојкотира локални избори. Кој може да го разбере овој став? Доколку ВМРО беше подготвена за избори, ќе излезеше на локалните избори во Штип“, вели Есмеров.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.