Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Етничко чистење во Газа“: САД сѐ уште не ги осуди нападите на израелските сили

0
By НОВА ТВ on May 14, 2021 СВЕТ
Кредит: Вокер Гаванде
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По ескалацијата на насилството во Ерусалим оваа недела, бројот на мртви продолжува да расте во Газа. За сега министерството за здравство во појасот Газа, убиени се 119 палестинци, меѓу кои и 31 дете од страна на израелски сили преку воздушни напади. Израел изјави дека не планира да престане со нападите врз палестинците додека не е „потполно тивко во Газа“.

The Guardian известува дека Израел планира дополнително да ги ескалира нападите со тоа што ќе прати војници во Газа.

Оваа ескалација почна кога израелските власти пробаа да избркаат повеќе палестински фамилии од Шеик Џарах, населба во источен Ерусалим. Палестинците во оваа населба со години трпат насилство од страна на израелската држава, како и долги и развлечени тужби преку кои Израел пробува да ги избркаат палестинците кои живеат во оваа населба и да ги узурпира нивните домови.

Протестите во Шеик Џарах привлекоа многу внимание и од палестинци од други градови кои сакаа да се придружат на протестите каде што се случуваа судири со израелската полиција. Односно овие „судири“ може да се наречат напади од страна на полицијата бидејќи стотици палестинци беа повредени наспроти околу 20 полицајци. По овие напади, милитантната палестинска група Хамас од Газа истрела ракети спрема Израел, но иницијално никој не беше убиен. По ова Израел дополнително ги засили своите напади врз Газа и пред само три дена бројот на мртви палестинци беше 24.

Во понеделникот исто така се одржа и националистичкиот марш за Денот на Ерусалим каде се обележа израелското заземање на Источен Ерусалим во 1967. По овој настан различни толпи од националистички израелци напаѓаа палестинци и вандализираа палестински бизниси низ различни градови во Израел.

Се појави дури и видео каде што толпа израелци брутално тепаат еден маж кој тие мислеле дека е арап. Жртвата на нивното насилство всушност бил евреин. Нападот се смета за „обид за линч“. Исто така во градот Акре, група израелците беа снимени како маршираат по улиците и извикуваат „Смрт за арапите“.

Како реакција на нападите од страна на израелската држава – но и долго-годишната окупација на палестински населби – милитантната група Хамас неколку дена исрелуваат ракети кон Израел. Убиени се 8 израелци.

Иако очигледно Израел има диспропорционално повеќе моќ во оваа ситуација и има убиено далеку повеќе палестинци отколку Хамас што има убиено израелци, американскиот претседател Џо Бајден сепак се го стави фокусот врз Израел. Во неговата изјава Израел е дури и насликан како жртвата.

„Израел има право да се брани, кога имате илјадници ракети кои летаат на вашата територија. Но, имав разговор некое време со премиерот на Израел и мислам дека – мојата надеж е дека ќе го видиме овој заклучок порано отколку подоцна,“ кажа Бајден. Оваа недела ни блиску до илјада ракети не се истрелани спрема Израел од страна на Хамас.

Израел исто така добива 3.8 милијарди долари како „воена помош“ од страна на САД така што Бајден има јасна причина зошто не излегува со понеутрална или пак про-палестинска порака.

Во интервју со Democracy Now!, Исам Адван, директорот на проектот од Газа „Ние не сме бројки“, кажа дека тоа што се случува во последните денови во Газа е само еден екстремен начин преку кој Израел ги крши правата на палестинците, но дека тоа всушност се случува секој ден.

„Меѓународната заедница не успева да разбере некои работи: тие сметаат дека оваа војна е единственото кршење на човековите права што Израел им го прави на луѓето во Газа. Во текот на изминатите 15 години, ние бевме сведоци на три брутални војни, и ова е четврта, вклучувајќи го и влошувањето на ситуацијата од различни нивоа, вели Адван. „Гледаме медицински недостиг на експертиза, на опрема. Гледаме дека економијата пропаѓа од ден на ден, а стапката на невработеност се зголемува на огромен начин. И водата не се пие. Луѓето едвај наоѓаа храна и вода за да ги хранат своите деца.“

„Зошто да се дискутира за истрелување на ракети [на Хамас] и да се игнорира фактот дека Израел етнички ја чисти Палестина од 1948 година, узурпира земјиште на палестинци, присилно ги протерува палестинците на Западниот брег, на окупираните територии, па дури и не им дозволува на луѓето од дијаспората да се вратат, како што е утврдено со резолуцијата 194 на Обединетите нации? (…) Но, кога станува збор за Газа, тие само ја гледаат Газа како средство за реакција,“ додаде Адван, потенцирајќи го етничкото чистење на палестинците, како и нееднаквата моќ.

Реагираат и луѓе од палестинската дијаспора кои не можат да се вратат во Палестина – појасот Газа, Западниот Брег и други окупирани територии кои се сметаат за палестински. Маџед Абусалама, PhD кандидат на финскиот универзитет Темпре и дел од палестинската дијаспора, постојано пишува на своите профили на социјалните медиуми за својата фамилија која е заглавена во Газа. На неговиот Твитер профил, Абусалама напиша:

„Последните зборови на мајка ми која е во #Газа се крајна паника, пред да изгубиме контакт со моите родители. Слушајте ја со срце. Деветнаесет секунди врескаат за живот во повик со моите браќа и сестри под најсилните дождови со бомби што ги доживеа Газа. #ГазаПодНапад“

Маџед Абусалама е само еден од многу палестинци од дијаспората кои ја искусуваат истата неизвесност и страв за време на овој крвав напад врз Газа. Палестинскиот писател и поет Мохамед Ел-Курд ја повикува меѓународната заедница да покаже солидарност со палестинците.

Во Скопје во недела (16.05) во 12 часот на плоштад Македонија ќе се одржи демонстрација во солидарност со палестинскиот народ.

 

Елена Гаговска

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.