Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ: 2018 – година на кризи, 2019 – година на предизвици

0
By Нова ТВ on December 29, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 29, 2018 18:18

Заглавена помеѓу Брегзит, изолационизмот на Доналд Трамп, демократските назадувања во Полска, Унгарија и Романија и политичките кризи околу миграцијата, Европската Унија оваа година помина низ длабоки кризи кои најверојатно нема да стивнат ниту во наредната година.

Брегзит

Несомнено, на политичката сцена на ЕУ во 2018 доминираше процесот за Брегзит, повлекувањето на Обединетото Кралство од ЕУ закажано за 29 март 2019 година, но кое сѐ уште се наоѓа во опасност да предизвика економски и политички турбуленции.

По макотрпни преговори, во ноември годинава, Лондон од една страна и другите 27 престолнини предводени од преговарачот Мишел Барние од друга, успеаја да постигнат таканаречен “Договор за повлекување“ и политичка декларација за иднината на односите помеѓу двете страни, но сагата е далеку од завршена. Премиерката Тереза Меј во последен момент го откажа гласањето за постигнатиот договор во британскиот парламент, соочена со речиси извесен пораз. И покрај предупредувањата од страна на ЕУ дека “подобар договор не може да се испреговара“, британските политички партии остануваат длабоко поделени околу начинот и исходот на кој треба да се случи Брегзитот. Додека отпорот на проевропскиот табор се зголемува, оној на евроскептиците, вклучително и во партијата на Меј, не стивнува.

Еден од главните гордиеви јазоли во овој процес е ирската граница: според сите инволиврани страни, на ирскиот остров кој е составен од Република Ирска (независна држава- членка на ЕУ) и Северна Ирска (дел од Обединетото Кралство кое ја напушта ЕУ), мора по секоја цена да се избегне појавување на тврда граница. Причините се политички поради години граѓанска војна на островот, но и економски. Имено, членството во ЕУ подразбира припадност кон единствениот заеднички пазар и царинската унија, односно почитување на одреден број пазарни правила и стандарди благодарение на кои опстојува слободата на движење во Унијата. Бидејќи не смее да се појави тврда граница на ирскиот остров, нужно е да се изнајде решение за слободниот проток на стоки помеѓу Даблин и Белфаст.

За сега решението е привремено и се нарекува “бекстоп“, еден вид заштитна клаузула според која Северна Ирска ќе продолжи да се усогласува со регулаторните стандарди на ЕУ до крајот на транзицискиот период, декември 2020. Што значи дека прозиводите ќе треба да поминат низ инспекции кога влегуваат преку Северна Ирска. Ирските унионисти, од кои зависи владата на Тереза Меј, предупредија дека не го поддржуваат ова решение поради тоа што сметаат дека тоа ги одвојува од остатокот од Обединетото Кралство.

Гласањето во британскиот парламент е закажано во текот на јануари и сите опции се на маса: од предвремени избори до нов референдум или тнр “Брегзит без договор“, најхаотичното сценарио во кое Обединетото Кралство ја напушта ЕУ без претходно испреговорани правила на игра и решение за границите.

Останува дека Брегзит и покрај сиот “хаос“ кој може да го предизвика е единствената политичка тема за која постои консензус помеѓу членките на Европската Унија, што ги усложнува работите за Лондон, но го теши Брисел дека сепак единството во ЕУ сѐ уште е можно.

Подемот на популизмот и тензии со миграцијата

Оваа година ја одбележа и подемот на популизмот и политичките тензии околу миграцијата. Иако статистички бројот на мигранти е драстично намален во однос на 2015 година, миграцијата и натаму ја става на тест Европската Унија. Ако досега отпорот доаѓаше пред сѐ од источноевропските земји, промената на власт во Италија ги засили редовите на антимиграциските сили во ЕУ.

Матео Салвини, контроверзниот министер за внатрешни работи од екстремната десница, Северна Лига, го спречи хуманитарниот брод “Аквариус“, кој спасува мигранти во Медитеранот, да се вкотвува на италијанското крајбрежје предизвикувајќи сериозна политичка криза во текот на летото во ЕУ. Конечно на бродот му беше одземена лиценцата, а пристигнувањата во Италија се сѐ поретки.

Во јуни, Салвини помогна и да се блокира предложената реформа на системот на азил на ЕУ, која требаше да овозможи порамноправна распределба на “мигрантскиот товар“.

Таборот на поддржувачите на затворените граници на ЕУ и на засилената контрола врз мигрантските текови расте во ЕУ, а поделбата помеѓу земјите членки се продлабочува. Тензиите кулминираа со потпишувањето на Глобалниот пакт за миграции на Обединетите Нации во декември, кога и самата земја претседавач со ЕУ, Австрија, одлучи да не го поддржи овој и онака правно необврзувачки документ. Дипломатите во ЕУ не ја кријат својата разочараност од овој австриски потег, посебно на неколку месеци пред парламентарните избори на ЕУ, каде антиевропските партии се очекува да остварат значаен напредок.

Италија и создаде уште една главоболка на ЕУ неколку месеци подоцна кога владата во Рим го презентираше својот годишен нацрт-буџет за 2019. Планираниот дефицит од 2,4 отсто БДП во  најзадолжената земја на еврозоната по Грција ја наведе Европската Комисија за прв пат во својата историја да одбие буџет на земја членка и да и се закани на италијанската влада со санкции. По неколку недели префрлувања и остра реторика, владата сепак прифати да го намали планираниот дефицит на 2,04 отсто без притоа да се откаже од сите зацртани реформи.

Проблемот Трамп

Оваа 2018 година ја одбележаа и тензиите помеѓу ЕУ и нејзиниот најстар сојузник – Соединетите Американски Држави. Првото влошување на односите дојде по одлуката на администрацијата на Доналд Трамп да се повлече од нуклеарниот договор со Иран и да воведе повторно санкции врз европските компании кои тргуваат со оваа земја. Иако ЕУ се обидува да воведе механизми за заштита на своите компании, реалноста е дека најголемите брендови веќе го напуштаат Иран во обид да се заштитат од последици.

Трговските односи помеѓу ЕУ и САД дополнително се влошија кога Трамп одлучи да воведе поголеми царини врз увозот на челик и алуминиум од ЕУ. Одлука која ќе ја погоди индиректно и Македонија, бидејќи ЕУ ги стеснува квотите на увоз од трети земји за да се заштити од негативните последици на американските царини и воведе реципрочни мерки врз американски производи.

Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, непланирано отпатува во Вашингтон во текот на летото за да се сретне со Трамп и да се обиде да изнајде решение. ЕУ се заложи да увезува повеќе американски производи, вклучително и течен природен гас, но спорот сѐ уште не е решен, и преговорите продолжуваат.

На сето тоа се надоврза судирот помеѓу Трамп и европските сојузници во НАТО, на Самитот на Алијансата во јули во Брисел. Американскиот претседател на состанокот на лидерите дојде со една единствена точка на својата агенда: да добие зголемување на придонесите на другите земји членки за одбраната. Според повеќе дипломатски извори, Трамп отишол до таму што се заканил дека САД ќе се повлече од НАТО доколку не се зголеми стапката на два отсто во 2019. Поради некомпромисноста на Трамп, агендата на Самитот мораше да се менува во последен момент и да се свика итен состанок на таа тема. Сојузниците останаа на заложбите за зголемување на буџетите за одбрана до 2024, а Трамп замина во Хелсинки на средба со Владимир Путин. Неколку месеци подоцна, францускиот претседател Емануел Макрон повторно го разлути Трамп со изјави за креирање европска армија, иако ретко кој смета дека оваа идеја е изводлива во догледно време. НАТО од своја страна повтори дека европска војска, доколку се формира, не треба да и биде конкурент на Алијансата.

Оваа година за ЕУ значеше и соочување со феноменот на “лажните вести“ по скандалот со британската фирма Кембриџ Аналитика и Фејсбук, кога корисниците открија дека милиони нивни лични податоци биле злоупотребени во политички цели. На 25 мај на сила стапи новата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци која, како што се надева ЕУ, ќе стане глобален модел.

Наредната 2019 година ќе биде изборна и со тоа ЕУ знае дека обидите да се таргетираат гласачите со дезинформации и лажни вести ќе се зголемат, но реално ЕУ нема голем капацитет ниту надлежност за да се справи со феноменот. Најголемиот дел од задачата им припаѓа на земјите членки и на медиумската фела, со значајни разлики од земја до земја.

МИА

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.