Амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Македонија попладнево се среќаваат со претседателот Ѓорге Иванов. Нивната порака до Иванов ја пренесе Аиво Орав, шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, преку Твитер пред еден час:

„ЕУ амбасадорите на средба со претседателот Иванов: Помилувањето ги поткопува отчетноста и владеењето на правото. Каква ќе биде иднина за земјата и за нејзините евроатлански интеграции?“, напиша Орав на Твитер.

Засега не се знае колку ќе трае средбата ниту пак дали ќе има соопштение. Но европската порака до Иванов, пренесена од Орав, јасно става на знаење дека ЕУ не се согласува со акцијата на помилувањето и смета дека овој чин ја загрозува евро-атлантската иднина на земјата.

Комесарот Хан пред два дена порача дека овој чин на претседателот ги доведува во опасност и изборите закажани за 5 јуни.

Според извори на НОВА, ЕУ амбасадорите дипломатски ќе му порачаат на Иванов да ја повлече својата одлука за да може во Виена во петок да се врати во живот договорот од Пржино.