Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ и САД: Нема услови за организирање кредибилни избори на 24. април

0
By Влатко Чаловски on February 21, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 21, 2016 19:52


Амбасадорот на САД Џес Бејли, во заедничка изјава со претставниците на ЕУ во земјава пред малку пред Владата на РМ соопштија дека нивната проценка е дека нема услови за организирање на кредибилни избори за предвидениот датум 24 .април.

Како што рече Бејли, датумот останува да го одредат политичките партии, меѓутоа доколку нема услови за 24. април, тие препорачуваат избори да бидат закажани до најскоро можниот ден кога ќе бидат завршени реформите. Бејли нотираше дека се уште не се донесени реформите за медиумите и сериозно треба да се работи на препораките од Прибе, односно итните реформски приоритети.

Тој ги повика на одговорност сите инволвирани во Договорот од Пржино да работат што побрзо да се затворат проблематичните прашања за кои се уште се преговара.

Амбасадорот не одговараше на новинарски прашања.

Во оценката на ЕУ и САД се вели:

Нотираме дека резултатите од работата на ДИК во однос на проверката на избирачкиот список во оваа фаза не се доволни за да се одржат кредибилни избори на 24 април,иако одреден напредок е направен. Исто така се уште не е постигнат договор за медиумските реформи за да се осигура поле за еднаков пристап.

Исто така сме загрижени од извештаите за притисоци и закани врз гласачите и други лица. Сето ова е многу загрижувачко.

Силно ги охрабруваме сите политички лидери, и власта и опозицијата, и институциите да останат целосно посветени на имплементацијата на договорот од јуни/јули како и на чекорите превземени досега.

Ако изборите не можат да се одржат на предвидената дата, се очекува политичките лидери да работат да се обезбедат услови кои ќе овозможат кредибилни избори на најрано можниот датум, со целосно почитување на обврските и подготовките за тоа на ДИК, стои во извештајот.

„Партиските лидери го предложија 5 јуни како можна алтернатива. Сериозни напори од сите функционери сега се бараат и се потребни за да се постигнат условите кои ќе овозможат кредибилни избори, каде сите граѓани и партии слободно ќе учествуваат, пишува во заклучоците од извештајот.

Орав и Бејли потенцираа дека и понатаму како што велат одблиску ќе го набљудуваат прогресот и исполнувањето на обврските. На политичките лидери им порачуваа дека имаат обврска да ги превземат сите неопходни чекори што ќе ја вратат земјава на евроинтегративниот пат, со тоа што целосно ќе го исполнат договорот од Пржино и ќе ги спроведат итните реформски приоритети во интерес на сите граѓани.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.