Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ и САД со санкции за Русија

0
By Нова ТВ on March 17, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 17, 2014 18:13

ЕУ усвои денес санкции за Русија. Мерките се однесуваат на 21 лице од Русија и од Крим од кои 13 се Руси. Помеѓу нив се наоѓа и висок воен претставник на ниво на командата на Црното море. Списокот ќе биде објавен во Службен весник и санкциите ќе станат потоа ефективни во наредните 24 часа. Овој кус рок ќе им овозможи на финансиските институции да ги замрзнат сметките на наведените лица а ним исто така ќе им биде забранет влез на европска територија.

Министрите на ЕУ исто така денес го откажаа самитот помеѓу ЕУ и Русија закажан за ова лето.

Овие мерки, што треба да ги потврдат шефовите на европските влади на крајот на оваа недела во Брисел, се втората фаза на санкции. Првата фаза беше усвоена на 6 март на претходниот самит на ЕУ. Шефовите на влади би можеле да донесат и измени во зависност од развојот на ситуацијата на теренот. Третата фаза на санкции би требало да се однесува на економски мерки а има и предлози за ембарго за оружје.

Во меѓувреме ЕУ се надева дека дипломатските канали со Русија ќе можат да бидат отворени за да се преговара а се споменува и креирање на „контактна група„ чиј што состав не е определен.

Санкции најави и САД. Барак Обама најави мерки за седум руски и четворица украински фукнционери помеѓу кои и поранешниот претседател Виктор Јанукович. Американските санкции се однесуваат на Димитриј Рогозин, вице премиер, претседателката на Советот на Федерацијата Валентина Матвиенко и двајца блиски советници на Путин, членови на руската Дума.

Санкциите предвидуваат замрзнување на банкарските сметки и забрана за влез во САД. Според Вашингтон тие се насочени против руската воена индустрија и како и личното богатство на лицата блиски до руското раководство.

– Објект на мерката се тие кои ги поткопуваат демократските процеси во Украина и нејзините институции, се закана за мирот, безбедноста, стабилноста, суверенитетот и територијалната целовитост на земјата и придонесуваат за злоупотреба на надлежностите, изјави претставник на американската администрација.

Преку Твитер Обама рече дека „ќе продолжиме да и стваме јасно на знаење на Русија дека понатамошни провокации ќе донесат само понатамошна изолација на Русија„. Тој вели дека САД стојат зад Украина и нејзиното право да ја определува својата судбина.

Европските и американските мерки внесоа страв во лондонскиот финансиски Сити каде што свои бизниси имаат руските олигарси. Сити стравува дека мерките ќе ги натераат олигарсите да го повлечат својот капитал. Повеќе руски компании минатата недела повлекоа капитал од фондовите инвестирани во Лондон и Њујорк.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.