Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ: Изборите да се одложат, помилувањата да се повлечат

0
By Нова ТВ on May 18, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

Во заедничка изјава потпретседателката на Европската Комисија Федерика Могерини и комесарот Јоханес Хан бараaт „помилувањата од 12 април да се повлечат без одлагање за да се заштити принципот на отчетност и да се избегне селективна правда„

„Основен демократски принцип е дека граѓаните се еднакви пред законот„, стои во заедничката изјава на Могерини и Хан.

“Одлуката на Уставниот суд го расчистува патот за Собранието да се собере и да ги одложи изборите на 5 јуни за чие одржување нема услови. Ова е обновена можност земјата да се занимава со бројните прашања што се во срцето на продолжената политичка криза. Патот напред мора да се дефинира заедно од сите главни политички партии, бидејќи само со зрел дијалог, инклузивност и посветеност на демократските принципи и на неопходните реформи и со нивно спроведување ќе се врати земјата на евро-атланскиот пат“, стои во заедничката изјава на Могерини и на Хан.

Тие потсетуваат дека „сите партии мора да го зачуваат и почитуваат договорот од Пржино кој го постигнаа лани. Оваа рамка останува најдобриот начин за земјата да се извлече од моменталната криза. Мора да продолжи работата за подготовка на кредибилни избори како и за итни реформски приоритети, но низ инклузивен процес“.

Во врска со помилувањата во заедничката изјава се вели: „Партиите мора итно да се занимаваат со сериозната загриженост во врска со аболицијата на бројни функционери од страна на претседателот Иванов. Аболицијата од 12 април мора да биде неодложно отповикана за да се зачува принципот на отчетност, да се пресретне сериозната загриженост за неказнивоста и да се избегне селективна правда. Фундаментален демократски принцип е дека сите граѓани треба да се еднакви пред законот.“

„Во истата смисла, партиите мора да гарантираат целосна поддршка на Специјалното обвинителство и да обезбедат негова непречена работа. Специјалното обвинителство и неговата работа се централни делови на договорот од Пржино“, се вели во изјавата.

 

Иванов помилувања ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.