Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ ја потврди европската перспектива на Западен Балкан,но бара реформи

1
By Нова ТВ on May 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 17, 2018 15:58

Шефовите на Европската унија на Самитот во Софија усвоија финална декларација со која ја потврдија европската перспектива на Западниот Балкан, но со експлицитен услов да продолжат со реформите – првенствено во сферата на владеење на правото и активна борба против корупцијата и организираниот криминал.

„Ние, лидерите на Европската Унија  и на нејзините земји-членки, во консултација со нашите партнери од Западен Балкан и во присуство на релевантните регионални заинтересирани субјекти, денес го заклучивме следново:

-ЕУ ја поздравува заедничката посветеност на партнерите од Западен Балкан на европските вредности и принципи и на визијата за силна, стабилна и обединета Европа, поткрепена со нашите историски, културни и географски врски и нашите политички, безбедносни и економски интереси.

-Потсетувајќи на Самитот во Солун во 2003 година, ЕУ ја реафирмира својата недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западен Балкан. Надоврзувајќи се на напредокот што досега е постигнат, партнерите од Западен Балкан повторно ја искажаа својата посветеност на европската перспектива како свој цврст стратегиски избор, на засилувањето на своите напори и на меѓусебната поддршка. Кредибилитетот на овие напори зависи од јасната јавна комуникација.

-ЕУ ја поздравува посветеноста на партнерите од Западен Балкан да им дадат приоритет на демократијата и на владеењето на правото, особено на борбата против корупцијата и организираниот криминал, доброто управување, како и на почитувањето на човековите права и правата на лицата што им припаѓаат на малцинствата. Нивното ефективно спроведување на реформите се заснова врз овие темели. Граѓанското општество и независните медиуми.

-ЕУ ги поддржува заложбите на партнерите од Западен Балкан да продолжат да ги зајакнуваат добрососедските односи, регионалната стабилност и меѓусебната соработка. Ова особено вклучува наоѓање и спроведување дефинитивни, инклузивни и обврзнички решенија за нивните билатерални спорови вкоренети во легатот од минатото и посветување дополнителни напори за помирување“, пишува меѓудругото во Декларацијата.

Кои се приоритетите

Во Агендата со приоритети на прво место е зајакнување на поддршката за владеење на правото, за реформа во правосудството и на напорите за борба против корупцијата и организираниот криминал, вклучително и градење капацитети за спречување на корупцијата, проширување на советодавните мисии за владеење на правото со засилена поддршка од земјите-членки и од ЕУ, воведување следење на судењата во областа на сериозна корупција и организиран криминал.

Во делот за финансиска подршка, ЕУ се обврзува дека ќе се прошири „Инвестициската рамка на Западен Балкан со цел натамошно привлекување и координирање на инвестициите од билатералните донатори и од меѓународните финансиски институции, засилување на поддршката за образованието, двојно финансирање за регионот во рамките на Еразмус+, вклучително воспоставување „Младинска лабораторија на Западен Балкан“ во 2018 година, со што ќе се создаде простор за политички иновативно решавање на потребите на младите
и справување на „одлевањето на мозоците“.

За зголемена поврзаност земјите на ЕУ инцираа нов пакет-проекти за поврзаност (со значителни грантови од ЕУ како поттик) преку Инвестициската рамка на Западен Балкан, вклучително и поддршка за Синиот автопат и Автопатот на мирот (Ниш – Приштина) и проширување на Унијата за енергија на ЕУ на Западен Балкан, со фокус на енергетската безбедност и на диверзификацијата на изворите и на испорачувачите, вклучително и стратегија на регионално ниво заради искористување на обновливите извори на енергија, особено хидроенергијата, поддршка на нова стратегија за железницата, со цел воведување на Западен Балкан во главната мрежа и пазар на ЕУ.

Проширување, но со завршени задачи

Самитот ЕУ – Западен Балкан во Софија се одржа 15 години по Самитот во Солун, на кој беше потврдена европската иднина на земјите од Западниот Балкан. Бугарскиот премиер Борисов кој беше домаќин на европскиот Самит вели дека е добар знак што сега сите разбираат колку е важен Западниот Балкан.

Претседателот на Франција Емануел Макрон порача дека треба да се гледа внимателно на новото проширување на Унијата и треба да им се помага на земјите во реформите за да напредуваат кон Унијата. Франција е една од земјите која се спротивставува на проширувањето на ЕУ, во овој момент.

-Сите сакаме да имаме сигурен Западен Балкан што ќе се развие економски во иднина, кажа германската канцеларка Меркел, а еврокомесарот за проширување Јоханес Хан порача дека секоја земја треба да си ја напише домашна задача за да има европска перспектива.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц, рече дека Австрија која ќе претседава со Унијата од 1 јули ја подржува европската интеграција на земјите од Западен Балкна.

-Од 1 јули го започнуваме нашето претседавање и ќе се стремиме да ги поддржиме кон нивниот пат. Особено за Србија и Црна Гора сме многу оптимистички. Се надевам дека Македонија и другите држави ќе ги решат споровите, рече тој.

Полни 15 години по самитот во Солун, каде ЕУ земјите од регионот се обврзаа на поблиска соработка и спроведување реформи, единствено Хрватска успеа да фати приклучок и да стане полноправна членка на елитниот клуб.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.