Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ – како ултимативен вредносен репер

0
By Zoran Ivanov on November 17, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 17, 2025 13:07

И кога денес “истите експерти” од која област и да се тие, ги “премотуваат како на лента” стандардните површни “стручни” изјави за неопходноста од ЕУ, за сложените ЕУ процедури и политичката реалност и скепса на ЕУ членките за проширувањето; ладнокрвно изложувајќи ја својата “грижа” за стагнацијата на Северна Македонија “на патот кон ЕУ” – мислат дека вешто го кријат сопственото брутално соучесништво во блокадата на државата кон ЕУ.

Никица Корубин

Извештаите на Европската Унија, секогаш и без исклучок, кај нас ја имаат улогата на оска околу која се врти општеството како вредносна парадигма. Реперот за напредување, назадување или стагнирање се наоѓаат токму во таа детална проценка на годишно ниво. Во било која област и за било која ситуација. На нив се потпираат и партиите, невладиниот сектор, судството, медиумите, бизнисот, образованието – сите. ЕУ – како политички, култоролошки, економски, вредносен систем е сонот и точката на обединување за граѓаните – од независноста до денес.

И покрај сите (само)опструкции, (само)блокади и секакви видови на брутални манипулации низ годините, за реалната позицијата на државата кон регионот и светот, изразена преку релативизирање, сатанизирање и саботирање на клучните меѓународни договори (Охридскиот договор, Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија); ЕУ било и ќе биде идеалот и единствената реална (а не имагинарна) можност за нормално и функционално општество.

Непобитен факт, познат на сите, а особено на оние кои “преку (можностите на) ЕУ” и особено “со (парите на) ЕУ”, лицемерно ни порачуваат за “реформирање одвнатре” и “носењето на ЕУ дома”. Интересно е како низ годините – критиките за “непринциепилноста на ЕУ” и ламентирањето за “жртвите што сме ги дале” – секогаш доаѓаат од страна на партиските, политичките, НВО, академски, бизнис, медиумски “елити”, а никогаш од граѓаните – кои “елити” на лично ниво или општествена позициониранист никогаш ниту биле жртви, а уште помалку почуствувале било каква последица од “непринципиелноста на ЕУ”.

Напротив, би се рекло дека “почуствувале прилично (лични) бенефити”, очигледно неспремни да ги “делат со граѓаните” при членството во ЕУ. Парадокс, кој константно се прикажува како грижа на “избраните” за својот “народ”. И ова е клучно при проценка на позицијата во која сме денес, кога неповратно се исцрпуваат сите “алиби ситуации” за долгите и намерни (само)блокирања на државата, преку одбивање на политичко адаптирање кон сопствената независност – 24 години од Времената спогодба во 1995 година, до завршените уставни измени од Преспанскиот договор во 2019 година; и 7 години од тогаш, особено илустративно последните “чисти” речиси 4 години од Преговарачката рамка од 2022 година, за ефективни преговори по поглавија и кластери.

И кога денес “истите експерти” од која област и да се тие, ги “премотуваат како на лента” стандардните површни “стручни” изјави за неопходноста од ЕУ, за сложените ЕУ процедури и политичката реалност и скепса на ЕУ членките за проширувањето; ладнокрвно изложувајќи ја својата “грижа” за стагнацијата на Северна Македонија “на патот кон ЕУ” – мислат дека вешто го кријат сопственото брутално соучесништво во блокадата на државата кон ЕУ. Како послушни и посветени креатори на темелот – анти-ЕУ наративот – врз кој, било кој политичка партија, како обичен извршител ќе може да ја продолжи агендата за “вечно преговарање” без членство – или жаргонски кажано “парите ги сакаме, ама вредностите не”.

Суштински анти-ЕУ наратив, иако проформа про-ЕУ, кој низ годините, зависно од околностите доаѓал во различни форми – од монополизирање на процесите и контактите со ЕУ и ЕУ земјите, преку монополизирање и партизирање на финансиската помош од ЕУ, до монополизирање и конструирање на наративот за ЕУ; пропратено со редовната “идентитетска манипулација” и креирање на “култура на конфликт” со пост-југословенски “неподобните” Бугарија и Грција надворешно, и внатрешно Албанците.

Па, истите кои ја предводеа “светата војна” за нападот (метафорички и реален) на Преговарачката рамка; барајќи го “загрозениот идентитет” низ нејзините пасуси; излишно е да говорат сега, за потребата од ЕУ веднаш. Затоа што тоа “веднаш” тие истите го стопираа “тогаш”. И засекогаш го затворија кругот на менување на “ликовите и шминките” во одбрана на параванот на про-ЕУ елити.

И ако се вратиме на почетокот, всушност доаѓаме до заклучокот дека ЕУ за граѓаните, била и останува ултимативен репер и цел, кои “елитите” биле приморани да ги следат, преку контролиран ЕУ наратив “за внатрешна употреба”, но со истовремено систематско уништување на општеството и политичкиот систем “во име на ЕУ”. И кои сега “исцрпени и истоштени” од “борбата за ЕУ” со парите од ЕУ фондовите успеа да “испорачаат” – “70% од граѓаните би гласале на референдум – за ЕУ – доколку тој би се одржал денес”.

И во тој последен извештај на ЕУ, појавно деградиран, а суштински задолжителен, говори со јазикот на правниот поредок и само со една реченица го разоткрива целиот конструиран наратив кој ја држи државата и граѓаните во заложништво: “Никакви обиди не беа направени од страна на Парламентот за усвојување на уставните промени, согласно Преговарачката рамка од 18 јули 2022 година за внесување на граѓани кои живеат во границите на државата, како што се Бугарите”.

Значи, единствено надлежна за уставните промени е највисоката власт – законодавната, односно пратениците и Парламентот, и никој друг, и токму ним им се обраќа и ЕУ; затоа што парламентот мора да ги спроведува меѓународните обврски на државата, кои се ултимативно задолжителни за нас.

Па, зошто тогаш се уште не се направени уставните измени? Па, нели фамозните мерит “копенхашки критериуми” велат дека мора да има владеење на правото, кое пак вели дека во нашиот правен поредок главна власт е законодавната? И кој сега ги крши “копенхашките критериуми”? Ние (против самите себе) или ЕУ?

И тогаш кој е тука “вистински” надлежен: партијата или државата? “Елитите” или државата? И ако “гласот на народот” е 70% за ЕУ, кој тоа глас нашите “елити” го слушаат? Во лажниот про-ЕУ круг, кој самите го затворија. Остана вистината, која е секогаш најтешка за слушање. Особено после долго (само)залажување.

Од Фејсбук ѕидот на авторката

 

колумна Никица Корубин ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 22, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

ВЕСТИ April 22, 2026

Нели ви е преку глава од дволичноста и двојните стандарди на „големите“ партии. Законот треба…

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.