Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ: На Русија може да и се оневозможи пристап до пазарот и високите технологии

0
By Biljana on February 19, 2022 СВЕТ
Урсула фон Дер Лајен
Урсула фон Дер Лајен
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЕУ најавува можни санкции за Русија. 

Москва нема да има пристап до финансиските пазари и високотехнолошките производи под санкциите што Западот ги подготвува во случај Русија да ја нападне Украина, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен на безбедносната конференција во Минхен.

Таа ова го изјави во време на зголемени тензии околу намерите на Русија кон Украина и по вчерашната изјава на американскиот претседател Џо Бајден дека е убеден во одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да изврши инвазија.

Фон дер Лејен даде детали за планираните санкции на годишната безбедносна конференција во Минхен, каде што зборуваше и потпретседателката на САД, Камала Харис.

„Опасното размислување на Кремљ, кое доаѓа директно од мрачното минато, може да ја чини Русија просперитетна иднина“, рече фон дер Лејен.

Таа изјави дека Европската комисија развила „силен и сеопфатен“ пакет финансиски санкции заедно со САД, Велика Британија и Канада.

„Во случај Русија да нападне, ќе го ограничиме пристапот до финансиските пазари за руската економија и ќе воведеме контрола на извозот што ќе ја спречи да ја модернизира и прошири својата економија“, додаде таа.

Фон дер Лејен рече дека на Русија апсолутно и требаат високотехнолошки производи во чие производство доминира ЕУ и кои не можат лесно да се заменат.

Според неа, Русија се обидува да ја поткопа изградбата на европската безбедност и флагрантно се обидува да напише нови правила на меѓународниот поредок.

„Не можеме да дозволиме тоа да се случи, се соочуваме со флагрантни обиди за повторно пишување на правилата на меѓународниот поредок“, рече Фон дер Лејен на Минхенската безбедносна конференција.

Таа, исто така, го осуди сојузот на Кина и Русија формиран со цел да се наметне „законот на посилниот“.

Ескалацијата во последните недели во Украина, каде што Западот стравува од напад од Русија, може да го „преобликува целиот меѓународен поредок“, рече шефицата на Европската комисија.

Русија санкции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.