Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ не го поддржува унгарскиот план со изградба на ѕид да се справи со бегалците

0
By Нова ТВ on June 18, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 18, 2015 14:44

Покрај српскиот премиер Александар Вучиќ, за намерата на Унгарија да гради ѕид долж границата со Србија, се огласи и Европската унија, која потенцираше дека не го поддржува унгарскиот план за стопирање на приливот на бегалци.

Унгарија планира изградба на ограда со височина 4 метри на јужната граница со Србија, за да го запре приливот на илегални имигранти, соопшти министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сирто.

Тој рече дека, иако со истиот проблем се соочуваат многу земји од ЕУ, Унгарија не можела да чека. Оградата е планирано да биде долга 175 километри.

– Не ги поддржуваме таквите мерки и ги охрабруваме членките да најдат друг начин да го решат проблемот со бегалците, изјави Наташа Берто, пред новинарите во Брисел.

Сепак како што вели таа, земјите-членки сами одлучуваат како ќе ги обезбедуваат своите граници, така што Брисел нема овластување да го забрани поставувањето на ѕидот.

Таа додаде дека ЕУ не го поддржала ни ѕидот кој Бугарија сака да го гради со Турција, и дека нема да учествуваат во финансирањето на тој проект.

– Бугарија не бараше средства од европските фондови, но и да бараше, ние ќе го одбиевме барањето, исто како што направивме со Грција и Шпанија кога бараа пари за слични намени, надополни Берто.

Таа потенцираше дека е неопходно да се најде заедничко решение за бегалците, а не секоја земја сама да воспоставува механизми.

Европската комисија неодамна претстави план, според кој мигрантите би се распределиле на територијата на ЕУ според квоти, нешто што Унгарија категорично го одби.

По најавите за подигнување на ѕид меѓу Унгарија и Србија, се огласи и српскиот премиер Александар Вучиќ, кој рече дека е изненаден од најавата.

Тој нагласи дека тоа нема да биде решение бидејќи Србија не е виновна за тој проблем. Вучиќ најави и разговори со унгарските власти.

Според најновиот извештај на УНХЦР, бројот на бегалците и внатрешно раселените лица во 2014 година бил на рекордно ниво од 59,5 милиони луѓе, што е за 8,3 милиони повеќе отколку во 2013 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 2, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

ВЕСТИ July 2, 2026

Црна Гора стана единствената земја кандидат за членство која е опфатена во следниот седумгодишен финансиски…

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.