Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

0
By Zoran Ivanov on May 10, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Овој ден (9 мај) можеме да го гледаме и како ден на гордост на Европската унија, но од друга страна и како ден на песимизам, бидејќи ништо не мрда во однос на нашето патување кон ЕУ.

Дестан Јонузи

Иако политичките елити во Северна Македонија се декларативно посветени на евроатлантската интеграција на земјата, кога станува збор за донесување одлуки за непречено движење напред на ова патување, им недостасува политичка кохезија и компромис. Во меѓувреме, Република Албанија, која беше сопатник на Северна Македонија кон Брисел, откако се разделија и одеше сама по овој пат – очигледно напредува и е сè поблиску од кога било до остварување на европскиот сон да стане полноправна членка на Европската Унија.

 

Димитар Николовски извршен директор на ЕВРОТИНК во изјава за Фронтлајн, вели дека единствениот процес кој е поврзан со ЕУ интеграции моментално е Реформската агенда.

– Покрај тоа, ние сме заглавени на патот кон ЕУ уште од Првата меѓувладина конференција во 2022 година. Стратегиите на владата за промена на преговарачката рамка не функционираат и не наидуваат на разбирање од страна на челниците на ЕУ. Со оглед на тоа кој е на власт, и со оглед на народното расположение кое го поддржува овој пристап кон ЕУ, мислам дека ќе чекаме некои подобри времиња кога или ќе се реформира ЕУ на начин кој нам нѝ одговара, или ќе се промени расположението во Македонија и ќе се поддржи политичка опција која ќе обезбеди двотретинско мнозинство за промена на Уставот, и повторно ќе напредуваме кон Унијата, изјави Николовски за Фронтлајн.

Нано Ружин – универзитетски професор и поранешен амбасадор во НАТО, во изјава за Фронтлајн, вели дека Македонија се наоѓа во еден статус-кво во однос на патот кон Европската Унија.

– Можеби некои мали реформ и се одвиваат во рамките на некоја институција, но таквиот статус-кво ја држи државата сè уште далеку од Брисел, со оглед дека сè уште не е исполнет договорот за внесување на останатите етнички заедници кои живеат во нашата држава во прамбулата на Уставот. Затоа овој ден (9 мај) можеме да го гледаме и како ден на гордост на Европската унија, но од друга страна и како ден на песимизам, бидејќи ништо не мрда во однос на нашето патување кон ЕУ, изјави Ружин за Фронтлајн.

Според Преговарачката рамката усвоена во јули 2022 година, Северна Македонија мора да спроведе уставни измени за вклучување на Бугарите во Уставот, заедно со Хрватите, Црногорците, Евреите и другите малцинства како „дел од етничките групи кои живеат во земјата“.

Во заклучоците на Европскиот совет во декември 2023 стои дека – Европската Унија е спремна да ја заврши почетната фаза на преговорите за пристапување со Северна Македонија веднаш штом ќе ја исполни својата обврска да ги заврши уставните промени како што е наведено во заклучоците на Советот од 18 јули 2022 година, во согласност со нејзините внатрешни процедури.

– Ние сме дел од европската приказна и нераскинлив дел од борбата против фашизмот. Да не дозволиме никој никогаш да ги поткопа вредностите врз кои е градено ова општество. Македонија припаѓа таму каде што се почитуваат човековите права, каде што се гради заедништво и каде што никој не смее да биде исклучен затоа што е различен. Денешната борба не е со пушка. Денес се бориме со збор, со став, со почит и одговорност, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче во честитката по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека за Македонија, Денот на Европа не е само симболика, тој е и поттик за уште посилна посветеност кон европските вредности, реформи и напредок.

– Нашиот пат кон Европската унија е пат на достоинство, работа и надеж. Македонија припаѓа во Европа, со својот идентитет, култура и визија за иднината! Обединети во различноста, силни во заедништвото, вели Мицкоски.

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, вели дека ќе продолжиме да придонесуваме, како што отсекогаш сме правеле, кон целосна интеграција на земјата во ЕУ и кон градење заедничка иднина врз вредностите на демократијата, еднаквоста и правдата.

Коалицијата ВЛЕН ја потврдува визијата на Северна Македонија за интеграција во Европската Унија и остварувањето на долгогодишниот сон на граѓаните на Северна Македонија да станат дел од оваа политичка организација што носи просперитет и нова надеж.

– Чекор по чекор, Северна Македонија се приближува кон Европската Унија. Граѓаните на нашата земја, кои ги прифаќаат и отелотворуваат европските вредности, сега се чувствуваат поблиску од кога било до ЕУ. Ги охрабруваме и поддржуваме реформите во судството и јавната администрација за да бидат што е можно поефикасни, а услугите да им користат на граѓаните, велат од ВЛЕН.

Додека Северна Македонија се движи бавно по патот кон Брисел, Европската Унија одобри отворање на уште едно поглавје за Албанија. Во меѓувреме, на 22 мај ќе се одржи петтата конференција за преговорите на Албанија за членство во ЕУ.

Северна Македонија доби статус на кандидат во декември 2005 година. Пристапните преговори ги отвори во јули 2022 година.

Текстот е сопственост на Фронтлајн.мк

 

ЕУ јонузи Македонија Николовски Ружин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.