Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ партиите се договорија: Деблокирано е конституирањето на Еврокомисијата – новите министри почнуваат на 1-ви декември

0
By Zoran Ivanov on November 21, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 21, 2024 11:17

Клучни елементи на договорот се дека СД ги погази своите „црвени линии“ поставени во текот на кампањата за јунските Евроизбори дека нема да поддржи избор на десничарски кандидат на некој висока позиција во ЕУ, додека ЕПП ги „турна на страна“ барањата на нејзината членка, шпанската Народна партија (ПП) за замена на Шпанката, Тереза Рибера Родригез со друг кандидат за член на Европската комисија.    

По речиси еднонеделни интензивни преговори, трите групации од т.н. проевропско центристичко мнозинство во Европскиот парламент – Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и либералната група „Да ја обновиме Европа“ – РЕ, постигнаt e договор за деблокирање на процесот за одобрување на преостанатите кандидати за членови на новата Европска комисија, со што се отвора патот новите еврокомесари да ги преземат своите функции на 1-ви декември, како што беше и планирано.

Иако договорот го деблокираше изборот на новата Европска комисија, сепак тој отвора повеќе прашања околу идниот сооднос на силите во Европарламентот и начинот на носењето одлуки во следниот период.

Клучни елементи на договорот се дека СД ги погази своите „црвени линии“ поставени во текот на кампањата за јунските Евроизбори дека нема да поддржи избор на десничарски кандидат на некој висока позиција во ЕУ, додека ЕПП ги „турна на страна“ барањата на нејзината членка, шпанската Народна партија (ПП) за замена на Шпанката, Тереза Рибера Родригез со друг кандидат за член на Европската комисија.

Компромисниот договор, во чие постигнување, според извори во ЕУ, биле вклучени и неколку шефови на влади на земји членки, меѓу кои и шпанскиот премиер Педро Санчез, во името на СД, и неговите колеги од Полска и Грција, Доналд Туск и Киријакос Мицотакис, на страната на ЕПП, покрај деблокада на изборот на ЕК, вклучува и други елементи околу надлежностите на еврокомесарите и идната соработка меѓу страните потписнички.

Со договорот социјалдемократите се откажаа од противење на одобрувањето на кандидатите за извршен потпретседател на ЕК за кохезија и реформи и за еврокомесар за кохезивна политика, регионален развој и градовите, Италијанецот Рафаеле Фито, кој доаѓа од редовите на десничарската алијанса Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР), и за еврокомесар за здравство и благосостојба на животните Оливер Вархеји, близок до екстремно десничарската група Патриоти за Европа (ПФЕ), а за возврат ЕПП се согласи да ја поддржи кандидатурата на Тереза Рибера Родригез од СД за извршна потпретседателка за чиста, праведна и конкурентна транзиција и за еврокомесарка за конкурентност.

ЕПП, на инсистирање на шпанската ПП изрази резерви кон Рибера Родригез, кој е актуелна вицепремиерка и министерка за еколошка транзиција и демографски предизвици на Шпанија, поради, како што беше оценето, несоодветна реакција при неодамнешните катастрофални поплави во Шпанија во кои загинаа најмалку 220 лица. ПП дури се закануваше дека нејзините европратеници нема да гласаат за поддршка на новата Европска комисија, доколку не биде сменета Рибера Родригез.

Од друга страна, СД се противеше на именувањето на Фито за потпретседател на Европската комисијата. Извори во партијата тврдеа дека тие не се против тоа Фито да биде еврокомесар, но дека согласно нивните „црвени линии“, не можат да се прифатат да го поддржат за извршен потпретседател со „толку важни надлежности“.

Меѓу кандидатите за членови на ЕК кон кои беа изразени резерви беше и Вархеји, за кога социјалдемократите бараа да му бидат одземени дел од надлежностите што требаше да ги има како раководител на ресорот здравство. Со постигнатиот договор. на Вархеји му се одземени ингеренциите за правата на сексуално и репродуктивно здравје и за подготвеноста и управување со кризи, како и надзорот над Управата за подготвеност и одговор при здравствени итни случаи (ХЕРА) и овие надлежности и се пренесени на Белгијката, Хаџа Лабиб, која ќе биде еврокомесарка за подготвеност, управување со кризи и еднаквост.

Договорот опфаќа и Изјава за соработка меѓу ЕПП, СД и РЕ, во кој се наведени заедничките политички приоритети за претстојниот мандат, фокусирајќи се на одржливиот раст, конкурентноста, подготвеноста, демократските вредности, дигитална транзиција и посветеност на „се поблиска Унија“.

Според извори во СД, договорот треба го зајакне единството на проевропското центристичко мнозинство во ЕП, кое со децении е предводник на политиката на ЕУ, иако во него експлицитно не и се забранува на ЕПП да соработува со екстремно десничарските групации.

По објавувањето на информациите за постигнатиот договор, ЕПП не излезе со никаков коментар, додека социјалдемократите соопштија дека се однесувале „одговорно“ во интерес на стабилноста на Унијата.

На договорот реагираа и Зелените, кои иако не беа вклучени во преговорите, сепак беа дел од мнозинството кое овозможи реизбор на Урсула фон дер Лајен на функцијата претседателка на ЕК при гласањето во Европарламентот во јули годинава. Според Зелените, договорот е „опасен“, бидејќи не ја спречува ЕПП да соработува со екстремната десница.

Тоа што водечките демократски групи се поделени, е подарок за (унгарскиот премиер) Виктор Орбан и за сите оние кои се обидуваат да го поделат и поткопаат европскиот проект во време кога тој е најпотребен, рече претставникот на Зелените, европратеникот Бас Ајкхут.

Првичните оценки се дека компромисот е добра вест за ЕУ, но дека несогласувањата кои беа манифестирани изминативе денови создаваат проблем со довербата меѓу ЕПП и СД, кој со договорот не е надминат и може да влијае на нивната идната соработка.

По постигнатиот компромис за деблокада на процесот, денеска треба да се одржи седница на Конференцијата на претседатели, што ја сочинуваат претседателката на Европарламентот, Роберта Мецола и првите луѓе на пратеничките групи, на која ќе се изврши конечна евалуација на номинациите и процесот на сослушување на кандидатите за еврокомесари ќе биде прогласен за завршен, со што ќе се трасира патот европратениците на 27 ноември, во рамки на пленарното заседание во Стразбур, да гласаат за избор на Европската комисија во пакет. За да биде одобрена, новата Европска комисија треба да добие мнозинство гласови на пратениците што ќе гласаат.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026

„Разговори за иднината во 12:05“: По 35 години независност, повик за нов општествен договор

September 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026

„Разговори за иднината во 12:05“: По 35 години независност, повик за нов општествен договор

September 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.