Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ поддршка за ЦЕФТА во создавањето заеднички регионален пазар

0
By Нова ТВ on May 5, 2021 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска во Брисел, Емир Ѓикиќ, директор на Секретаријатот на ЦЕФТА, се сретна со македонскиот министер за економија Крешник Бектеши, во својство на претставник на страната претседавач на ЦЕФТА за 2021 година. На средбата се разговараше за приоритетите на Претседателството во 2021 година и веќе постигнатиот напредок.

За време на официјалната посета на македонскиот министер, Секретаријатот на ЦЕФТА беше домаќин на состанок со амбасадорите на страните на ЦЕФТА во Европската унија. Главната тема на состанокот беше Заедничкиот регионален пазар и неговата улога во забрзувањето на регионалната економска интеграција и продлабочувањето на интеграцијата на Западен Балкан во единствениот пазар на ЕУ.

Имајќи клучна улога во спроведувањето на активностите поврзани со трговијата од Акциониот план, ЦЕФТА има амбициозна агенда за 2021 година, насочена кон олеснување на економското закрепнување на ЦЕФТА регионот.

„Лидерите на регионот едногласно ветија дека со здружени напори ќе изградат заеднички регионален пазар. Посветеноста и силната обврска да се оствари ветувањето бараат акција. Годината на македонското претседателство ја започнавме со амбициозна агенда, развивајќи нови механизми и покренувајќи иницијативи за олеснување на трговијата и забрзување на економското закрепнување на регионот. Направено е многу, но потребни се дополнителни напори за да се испорачаат резултатите ветени за Самитот во Берлин. Самитот ќе биде клучен не само со цел да се процени силата на регионалната соработка, туку и да се презентираат опипливи резултати пред бизнисите и нашите граѓани.“ – изјави Ѓикиќ.

Според министерот Бектеши, во текот на македонското претседателство активностите ќе бидат фокусирани на следење на напредокот во секоја земја на ЦЕФТА во однос на олеснување на трговијата со стоки и отстранување на нетарифни бариери. Меѓу другите активности е и подготовка на единствена листа на сите такси и давачки за увоз или извоз на стоки.

„Ќе се фокусираме на заемно признавање на трговските документи, поедноставување и усогласување на процедурите и понатамошно усогласување со регулативите и стандардите на ЕУ. Големо внимание им се посветува на квалитетните инфраструктурни активности согласно Проектот финансиран од ЕК, кој ќе треба да избере приоритетни сектори што треба да се испитаат со цел да се спореди легислативата во страните на ЦЕФТА и да се обезбедат услови за преговори и склучување на Договорот за заемно признавање до крајот на 2021 година.“ – рече Бектеши.

„ЕУ целосно ја поддржува ЦЕФТА во нејзиниот обид да ја спроведе трговската димензија на Заедничкиот регионален пазар, заснована на правилата и стандардите на ЕУ. Ова е вистинско време да се ослободи потенцијалот за раст преку зајакнување на регионалната економска интеграција. Заедничкиот регионален пазар ќе послужи како чекор напред кон единствениот пазар на ЕУ: идентификувавме области каде Западен Балкан може подобро да се интегрира во единствениот пазар на ЕУ. Регионалната економска интеграција и зајакнувањето на вашата интеграција во единствениот пазар на ЕУ се двете страни на истата паричка. “ – истакна Томас Хаглеитнер од Европската комисија.
Учесниците на состанокот се согласија дека регионалната трговска агенда ќе овозможи ефективно слободно движење на стоки и услуги, луѓе и капитал. Врз основа на заложбите на ЦЕФТА и процесот на пристапување кон ЕУ, агендата за регионална трговија исто така ќе го приближи регионот до внатрешниот пазар на ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.