Европската унија денеска го поздрави дијалогот што по иницијатива на премиерот Никола Груевски, почнува со лидерот на најголемата опозициска партија СДСМ, Зоран Заев, со цел надминување на политичките недоразбирања во земјата, јавува МИА од Брисел.
Маја Коцијанчич, портпаролка на Европската комисија, истакна дека дијалогот на власта и опозицијата во нашата земја би бил само од корист на граѓаните, но и во насока на решавање на реформските приоритети на ЕУ.
– Ефективните напорите за надминување на сегашниот ќор-сокак и подобрувањето на политичкиот дијалог ќе биде од корист на граѓаните. Ова е исто така важно и во однос на решавањето на клучните реформски приоритети на Унијата, рече Коцијанчич.
Од Комисијата изјави и дека посредникот на ЕУ во преговорите меѓу власта и опозицијата, Питер Ванхуте, е ангажиран од страна на ЕУ-делегацијата во Скопје, а не од комесарот за проширување Штефан Филе, ниту од ЕК.
Според официјален Брисел, Ванхуте кој беше ангажиран и за надминување на разликите за имплементирање на препораките од политичкиот договор од 1 март 2013, ЕУ делегацијата го вклучила повторно за медијатор во новите преговори, со оглед на тоа што истиот е упатен во односите власт-опозиција во Македонија.




