Published: Saturday, May 9, 2015 13:47
Делегацијата на ЕУ во Македонија внимателно ги следи извештаите за полициската операција која е во тек во реонот на Куманово и која резултира со размена на оган.
Од делегацијата наведуваат дека се во постојан контакт со властите и политичките партии. Во реакцијата на Делегацијата на ЕУ се наведува дека, Европската унија Унијата силно апелира до граѓаните и политичките фактори во земјава да останат смирени и да чекаат фактите да бидат потврдени од релевантните институции. Од Делегацијата на ЕУ се се надеваат дека ескалација на тензиите ќе биде избегната.




