Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ предупредување до Русија: не го вовлекувајте Балканот во тензиите!

0
By Нова ТВ on December 6, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 6, 2014 10:22

ЕУ вчера побара од Русија да не го вовлекува Западниот Балкан во се подлабокиот јаз помеѓу Русија и западните земји околу Украина во страв дека овој регион ризикува да стане точка на раздор во источно-западните тензии, јавува Ројтерс од Босна каде што шефицата на европската надворешна политика Федерика Могерини била во посета.

Могерини зборувала за тензиите помеѓу ЕУ и Русија велејќи дека е во интерес на двете страни “да се најдат и развиваат начини за соработка а не на конфронтациј”.

“Добро би било да се држи Западниот Балкан вон од оваа динамика и размислување и би сакала секој во руското раководство да размислува на овој начин”, рече таа на прес конференција во Сараево.

Особено Германија стави јасно на знаење дека е загрижена за руската улога на Балканот, регион кој останува политички и економски кревок две децении по крвавиот распад на Југославија.

Ројтерс објаснува дека Словенија и Хрватска влегле во ЕУ но дека Србија, Босна, Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово се спори во реформите и ја загрижуваат ЕУ која се прашува колку е мудра нејзината политика на проширување.

Велика Британија и Германија предложиле да се дадат повеќе пари на Балканот за да се охрабрат земјите да направат промена и економската реформа да им биде приоритет. Ова е пораката која Могерини ја испратила за време на нејзината посета на Босна која во октомври имаше избори и сега е во процес на формирање влада.

Русија во ноември, за прв пат во 14 години, одби да даде поддршка за продолжување на мировната мисија во Босна која е под водство на НАТО. Русија беше воздржана на гласањето во Советот за безбедност на ОН. Истовремено Москва му понуди политичка поддршка на босанско-српскиот лидер Милорад Додик кој се залага за поделба на Босна.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

ВЕСТИ June 27, 2026

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја…

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.