Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

0
By Zoran Ivanov on June 5, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 5, 2026 09:25

Нон-пејпер – нов моментум за проширувањето, придонес во пресрет на претстојниот Самит ЕУ-Западен Балкан (5 јуни 2026 г.) и Самитот ЕУ-Молдавија (22 јуни 2026 г.)

Документот во кој имаше увид „360 степени“, доаѓа како основа за дискусија на утрешниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Црна Гора. Новиот пристап би понудил непосреден и опиплив напредок за сите кандидати, а намерата не е ниту да го замени полноправното членство ниту да го продолжи патот до него, туку да создаде поттикнувања што ќе овозможат побрз напредок по тој пат, пишува во нон-пејперот.

Германија и Франција подготвиле нон-пејпер насловен „Нов моментум за проширувањето“ во пресрет на утрешниот Самит ЕУ-Западен Балкан, кој ќе се одржи во Тиват, Црна Гора. Неофицијалниот документ, во кој имаше увид „360 степени“, е разработка на писмото што германскиот канцелар Фридрих Мерц неодамна го упати до првите луѓе на институциите на ЕУ. Но, ако две третини од писмото на Мерц беа посветени на Украина, нон-пејперот се однесува целосно на државите од Западен Балкан и на Молдавија.

Во него се наведува дека политиката на проширување треба да добие нов поттик, со цел Унијата да се заокружи како вистинска европска унија.

За да ја претвориме оваа амбиција во реалност и да внесеме нова динамика, мора да обезбедиме дополнителни поттикнувања како дел од процес на постепена интеграција заснован на заслуги, како и да го поедноставиме сегашниот процес за да стане поефикасен и да овозможи побрза и подлабока интеграција во ЕУ врз основа на Копенхашките критериуми, пишува во него.

Во текстот, за кој има најави дека ќе се разговара на утрешниот состанок во Тиват, се наведува дека постои стремеж за нов пристап во процесот, кој ќе ги намали прекумерно формализираните пречки за меѓучекорите и ќе ја поедностави сегашната методологија (на пример, преку спојување на одредени процедурални чекори). Дополнително, се додава во нон-пејперот, „со целосна согласност на земјите членки, треба да се забрза отворањето на сите релевантни преговарачки кластери кога тоа ќе го предложи Европската комисија“.

Нон-пејперот промовира т.н. постепена интеграција за земјите кандидати преку „градивни елементи“ (building bloks).

Овие градивни елементи треба да се темелат врз напредокот постигнат во пристапниот процес и да бидат реверзибилни во случај на назадување на соодветната земја кандидат во реформскиот процес или во однос на основните вредности и принципи на ЕУ.

Иако секоја земја кандидат треба да има пристап приспособен на нејзините специфики, новиот пристап би понудил непосреден и опиплив напредок за сите кандидати. Целта за полноправно членство во ЕУ останува непроменета. Нашата намера не е ниту да го замени полноправното членство ниту да го продолжи патот до него, туку токму спротивното – да создаде поттикнувања што ќе овозможат побрз напредок по тој пат, се наведува во нон-пејперот.

Притоа, се бара од Европската комисија да предложи мерки што ќе ја олеснат постепената интеграција на земјите кандидати на нивниот пат кон членство во ЕУ.

Тоа треба да опфати, меѓу другото, привилегиран пристап до единствениот пазар врз основа на нивниот суштински напредок во преговорите, како и поблиски врски со европските институции во секојдневниот процес на одлучување, на пример, преку доделување постепен статус на набљудувач на земјите кандидати на состаноците на институциите на ЕУ, под услови што ја почитуваат автономијата на процесот на донесување одлуки во Унијата, пишува во нон-пејперот.

Во продолжение интегрално содржината на нон-пејперот на Германија и Франција:

Линк

ЕУ нон пејпр проширување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

ВЕСТИ July 14, 2026

Американската војска соопшти дека завршила нов петчасовен бран напади врз Иран и тоа, како што…

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

July 12, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.