Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан и на другите претендентки

0
By Zoran Ivanov on June 5, 2026 ТЕМА
epa12832283 French President Emmanuel Macron (L) and German Chancellor Friedrich Merz (R) arrive for a formal meeting of the European Council in Brussels, Belgium, 19 March 2026. Leaders are expected to discuss the situation in the Middle East and Iran, continued support for Ukraine, European competitiveness, defence readiness and migration amid rising geopolitical and economic tensions. EPA/OLIVIER MATTHYS
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 5, 2026 09:20

Нон-пејпер – нов моментум за проширувањето, придонес во пресрет на претстојниот Самит ЕУ-Западен Балкан (5 јуни 2026 г.) и Самитот ЕУ-Молдавија (22 јуни 2026 г.)

 Документот во кој имаше увид „360 степени“, доаѓа како основа за дискусија на утрешниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Црна Гора. Новиот пристап би понудил непосреден и опиплив напредок за сите кандидати, а намерата не е ниту да го замени полноправното членство ниту да го продолжи патот до него, туку да создаде поттикнувања што ќе овозможат побрз напредок по тој пат, пишува во нон-пејперот.

Германија и Франција подготвиле нон-пејпер насловен „Нов моментум за проширувањето“ во пресрет на утрешниот Самит ЕУ-Западен Балкан, кој ќе се одржи во Тиват, Црна Гора. Неофицијалниот документ, во кој имаше увид „360 степени“, е разработка на писмото што германскиот канцелар Фридрих Мерц неодамна го упати до првите луѓе на институциите на ЕУ. Но, ако две третини од писмото на Мерц беа посветени на Украина, нон-пејперот се однесува целосно на државите од Западен Балкан и на Молдавија.

Во него се наведува дека политиката на проширување треба да добие нов поттик, со цел Унијата да се заокружи како вистинска европска унија.

„За да ја претвориме оваа амбиција во реалност и да внесеме нова динамика, мора да обезбедиме дополнителни поттикнувања како дел од процес на постепена интеграција заснован на заслуги, како и да го поедноставиме сегашниот процес за да стане поефикасен и да овозможи побрза и подлабока интеграција во ЕУ врз основа на Копенхашките критериуми“, пишува во него.

Во текстот, за кој има најави дека ќе се разговара на утрешниот состанок во Тиват, се наведува дека постои стремеж за нов пристап во процесот, кој ќе ги намали прекумерно формализираните пречки за меѓучекорите и ќе ја поедностави сегашната методологија (на пример, преку спојување на одредени процедурални чекори). Дополнително, се додава во нон-пејперот, „со целосна согласност на земјите членки, треба да се забрза отворањето на сите релевантни преговарачки кластери кога тоа ќе го предложи Европската комисија“.

Нон-пејперот промовира т.н. постепена интеграција за земјите кандидати преку „градивни елементи“ (building bloks).

Овие градивни елементи треба да се темелат врз напредокот постигнат во пристапниот процес и да бидат реверзибилни во случај на назадување на соодветната земја кандидат во реформскиот процес или во однос на основните вредности и принципи на ЕУ.

„Иако секоја земја кандидат треба да има пристап приспособен на нејзините специфики, новиот пристап би понудил непосреден и опиплив напредок за сите кандидати. Целта за полноправно членство во ЕУ останува непроменета. Нашата намера не е ниту да го замени полноправното членство ниту да го продолжи патот до него, туку токму спротивното – да создаде поттикнувања што ќе овозможат побрз напредок по тој пат“,

се наведува во нон-пејперот.

Притоа, се бара од Европската комисија да предложи мерки што ќе ја олеснат постепената интеграција на земјите кандидати на нивниот пат кон членство во ЕУ.

„Тоа треба да опфати, меѓу другото, привилегиран пристап до единствениот пазар врз основа на нивниот суштински напредок во преговорите, како и поблиски врски со европските институции во секојдневниот процес на одлучување, на пример, преку доделување постепен статус на набљудувач на земјите кандидати на состаноците на институциите на ЕУ, под услови што ја почитуваат автономијата на процесот на донесување одлуки во Унијата“, пишува во нон-пејперот.

Во продолжение интегрално содржината на нон-пејперот на Германија и Франција:

Поминаа повеќе од 20 години од Европскиот совет во Солун. Проширувањето останува една од најатрактивните понуди и едно од највлијателните политички средства што ги има Европската Унија. Но, политиката на проширување има потреба од нов моментум – претстојните самити што ЕУ ќе ги одржи со Западен Балкан (5 јуни) и со Молдавија (22 јуни) претставуваат можност што не смее да се пропушти.

Нашата заедничка цел е да ја довршиме Унијата како вистинска европска унија. За да ја претвориме оваа амбиција во реалност и да внесеме нова динамика, мора да обезбедиме дополнителни поттикнувања како дел од процес на постепена интеграција заснован на заслуги, како и да го поедноставиме сегашниот процес за да стане поефикасен и да овозможи побрза и подлабока интеграција во ЕУ врз основа на Копенхашките критериуми.

За таа цел, се стремиме кон нов пристап насочен кон самиот процес, кој ќе ги намали прекумерно формализираните пречки за меѓучекорите и ќе ја поедностави сегашната методологија (на пример, преку спојување на одредени процедурални чекори). Дополнително, со целосна согласност на земјите членки, треба да се забрза отворањето на сите релевантни преговарачки кластери кога тоа ќе го предложи Европската комисија.

Работата на земјите кандидати, Комисијата и Советот треба да биде насочена кон суштината на реформите, а не кон процедуралните чекори. Редовните меѓувладини конференции (IGC) би можеле подобро да се искористат за обезбедување вакво политичко насочување.

Дополнително, предлагаме претпристапна стратегија која ќе содржи пакет алатки со низа градивни елементи (building blocks) што ќе ги доближат земјите кандидати до ЕУ преку поструктурирана постепена интеграција, обезбедувајќи дополнителни поттикнувања за спроведување реформи.

Овие градивни елементи треба да се темелат врз напредокот постигнат во пристапниот процес и да бидат реверзибилни во случај на назадување на соодветната земја кандидат во реформскиот процес или во однос на основните вредности и принципи на ЕУ.

Иако секоја земја кандидат треба да има пристап приспособен на нејзините специфики, новиот пристап би понудил непосреден и опиплив напредок за сите кандидати. Целта за полноправно членство во ЕУ останува непроменета. Нашата намера не е ниту да го замени полноправното членство, ниту да го продолжи патот до него, туку токму спротивното – да создаде поттикнувања што ќе овозможат побрз напредок по тој пат.

На тој начин обезбедуваме постепената интеграција да придонесе кон успешно проширување на ЕУ – зајакнувајќи ја Унијата во целина.

Ја повикуваме Европската комисија да предложи мерки што ќе ја олеснат постепената интеграција на земјите кандидати на нивниот пат кон членство во ЕУ. Тоа треба да опфати, меѓу другото, привилегиран пристап до Единствениот пазар врз основа на нивниот суштински напредок во преговорите, како и поблиски врски со европските институции во секојдневниот процес на одлучување, на пример, преку доделување постепен статус на набљудувач на земјите кандидати на состаноците на институциите на ЕУ, под услови што ја почитуваат автономијата на процесот на донесување одлуки во Унијата.

Градивни елементи (building blocks) за проширувањето да стане реалност

Заеднички состаноци на Европската комисија и членови на Европскиот парламент со претставници на земјите од Западен Балкан и Молдавија (двапати годишно). 

Услов: Поднесена апликација за членство.

Почести состаноци на заеднички парламентарни комитети составени од европратеници и национални пратеници од земјите од Западен Балкан и Молдавија. 

Услов: Одобрен Извештај за оценка на исполнетоста на привремените мерила (IBAR) и покана од Европскиот парламент.

Учество во одредени точки од дневниот ред на неформалните состаноци на Европскиот совет и Советот на ЕУ.

Учество во одредени точки од дневниот ред на Советот како набљудувач, без право на глас.

Услов: Затворање на релевантните поглавја од пристапниот процес.

Учество како набљудувач, без право на глас, во одредени точки од дневниот ред на состаноците на Советот за надворешни работи. 

Услов: Привремено затворање на Поглавје 31 (Заедничка надворешна, безбедносна и одбранбена политика).

Вклучувајќи безбедносни и одбранбени партнерства, проекти во рамки на PESCO, засилена соработка со Фронтекс, интеграција во Агенцијата на ЕУ за кибербезбедност и во системот за рано предупредување за кинернапади.

Услов: Исполнување на релевантните критериуми и привремено затворање на Поглавјето 31.

Учество во програми и иницијативи на ЕУ, вклучувајќи: Creative Europe, Digital Europe, официјално приклучување кон Erasmus+, понатамошна интеграција во Horizon Europe, Youth Experience Scheme, учество во механизмите на ЕУ за заеднички јавни набавки, целосен пристап до Инструментот за техничка поддршка (Technical Support Instrument), зајакнување на инструментите Twinning и TAIEX во соодветните области.

Услов: Исполнување на соодветните стандарди и барања.

Секторска интеграција во Единствениот пазар, во следните области: SEPA, „Роаминг како дома“ (Roam Like At Home), Транспортна заедница, Договори за оцена на усогласеност и прифаќање индустриски производи (ACAA), енергетски пазар, Систем за тргување со емисии (ETS), зелени коридори, интеграција во политиките на ЕУ за конкурентност, индустриски стратегии и критични суровини, статус на овластен економски оператор (AEO), Единствен дигитален пазар, подлабоки санитарни и фитосанитарни договори (SPS), дополнително намалување на нетарифните трговски бариери, ослободување од одредени заштитни мерки (слично како кај земјите од Европската економска област).

Услов: Исполнување на соодветните стандарди и барања и/или привремено затворање на релевантните преговарачки поглавја.

Целосно учество во Единствениот пазар, врз основа на модел „Европска економска област плус“ (EEA+). 

Услов: Усвојување и спроведување на правото на ЕУ (acquis) во рамки на кластерите 1-5 и привремено затворање на релевантните преговарачки поглавја, без да се доведуваат во прашање преодните периоди и заштитните механизми.

Извор: 360 степени.мк

ЕУ нон пејпр проширување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.