Потпретседателката на Европскиот парламент Улрике Луначек ги повика асприрантите за членство во ЕУ да обезбедат услови за новинарите кои истражуваат криминал, мито и корупција да може да ги извршуваат своите работни задачи без страв од насилство и уцени.
„ЕУ ја промовира слободата на изразување во дијалогот со земјите кандидати за проширување и го поддржува висококвалиотетното истражувачко новинарство“, рече Луначек денеска.
„Земјите-кадидати за членство во ЕУ и тие што имаат аспирации во иднина да се здобијат со тој статус да обезбедат услови за новинарите да ги извршуваат своите работни задачи без страв од насилство и уцени“, додаде таа.
Изјавата доаѓа по извештајот на Мрежата за промени ЈИЕ, во кој се вели дека: „новинарите што се доволно храбри и се обидуваат и успеваат да се спротивстават на моќни фигури во општеството се под притисок, закани и малтретирања, а не ретко се тужени заради тоа што сакаат да укажат на некоја лоша пракса или злоупотреба“.
Прочитајте го целиот текст на Призма




