Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еурактив: Макрон размислува за изборите во 2022 и не сака да ја провоцира Русија

0
By Нова ТВ on October 16, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 16, 2019 12:05

Франција го блокираше отпочнувањето пристапни преговори со Северна Македонија и покрај даденото ветување од страна на ЕУ кон Скопје дека со постигнувањето на историскиот договор за името со Грција, земјата си обезбеди карта за преговори за членство во Унијата, оценува порталот Еурактив.

Откако во јуни европските лидери решија да го одложат донесувањето на одлуката за отпочнување на преговори за членство со Северна Македонија и Албанија за овој месец, на вчерашната средба на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ се гледаше како на „да се биде или не“, особено по септемвриската одлука на германскиот Бундестаг за поддршка на стартот на преговорите, оценува порталот.

– Само Франција ја блокираше Северна Македонија, додека Холандија и Данска го поддржаа Скопје, но се спротивставија на амбициите на Тирана. Финска предложи случајот со Албанија да се одвои од тој на Северна Македонија, но Франција не се согласи со тоа, се наведува во текстот.

Според Еурактив, сега финското претседателство со ЕУ најави дека прашањето за отпочнувањето на преговорите ќе се најде на дневен ред на средбата на шефовите на држави или влади на членките на ЕУ, што ќе се одржи во Брисел утре и задутре, кој и онака е обременет со разгледување на начините за избегнување на Брегзит без договор и со утврдување на одговор на турскиот упад во Сирија.

– Француската министерка за европски работи Амели де Моншалан изјави дека нејзината земја е против отпочнување на пристапните преговори со двете балкански држави. Таа објасни дека е потребно во двете земји да се спроведат дополнителни реформи, но исто така јасно достави до знаење дека треба да се решат и поголеми проблеми, вклучително и реформи на начинот на водење на преговорите од страна на Еврокомисијата, како и проблемот со одлив на мозоци во овие земји, се посочува во анализата.

Порталот признава дека „одливот на мозоци“ е сериозен проблем, но потсетува дека тоа не беше поставено како прашање во случајот со отпочнувањето на преговарачкиот процес со другите кандидати за членство, вклучително и со Србија и Црна Гора, „две балкански земји кои веќе се во процес на пристапни преговори“.

Еурактив потенцира дека Де Моншалан нагласила дека треба се почитуваат „критериумите поставени во 2018 година“, а во случајот на земјава ги посочила и реформите на Специјалното јавно обвинителство, кои според неа, не се целосно завршени.

– Овие земји ќе бидат дел од Европската унија еден ден…, но сега е се уште рано за отпочнување на правниот процес за проширување, ја пренесува порталот изјавата на претставник на Владата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој најавил дека Париз сега нема да се согласи со почеток на преговори за членство на двете земји.

Од друга страна, како што наведува Еуроактив, Берлин истакнува дека отпочнувањето на пристапните преговори е приоритет за Германија.

Дипломатски извори на Еурактив во Брисел изјавиле дека Франција би можела да ја промени својата позиција на претстојниот Самит на ЕУ, единствено при хипотетичко сценарио доколку Германија ги прифати француските идеи за реформи во Еврозоната.

– Макрон веќе размислува за претседателските избори во 2022. Тој, исто така, се труди да не ја провоцира Русија, која е незадоволна од ширењето на ЕУ кон територии каде има свое влијание, како што се Србија, Црна Гора и Северна Македонија. Црна Гора веќе е членка на НАТО. Македонија се надева дека ќе биде следната членка на почетокот на 2020 година, додека Србија нема планови да се приклучи кон Алијансата, наведува порталот.

Во текстот се нагласува и дека започнувањето преговори е важна пресвртница, но преговарачкиот процес трае со години, па земјите членки можат да го искористат правото на вето во случај ако државата кандидатка за членство не испорача реформи и не ги почитува преземените обврски.

Многу земји веруваат дека започнувањето преговори за членство со Северна Македонија и Албанија е од големо значење, имајќи ја предвид сложената геополитичка состојба, оценува Еурактив, пренесувајќи ја при тоа изјавата на романскиот министер за ЕУ, Георге Чиамба дека е „важно да се даде политички сигнал дека проширувањето не е мртво“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.