https://www.youtube.com/watch?v=FpGf52pRdvk
Репрезентација на Португалија е првиот финалист на Европското фудбалско првенство во Франција, откако вечерва ја совлада селекцијата на Велс со 2:0.
По игра без голови во првиот дел од мечот, Кристијано Роналдо успеа да оствари гол на самиот почеток на второто полувреме.
Со ваквиот погодок Роналдо успеа да се израмни со легендарниот Мишел Платини, кој досега беше рекордер со девет погодоци на европските првенства.
Роналдо асистираше за погодок на Нани и во 52. минута, резултат кој не се промени до крајот на полуфиналниот меч, што на Португалија и донесе место во големото финале.
Противникот на Португалија во финалето ќе се знае по полуфиналниот дуел меѓу Франција и Германија, закажан за четврток во 21 часот.