Со минимални 1:0 Белгија го елиминираше актуелниот европски првак Португалија во осминафиналето на ЕУРО 2020.
Голот од голема далечина го постигна Торган Азар во 42.минута.
Иако Португалците беа подобри од Белгија, не ја затресоа мрежата на Куртоа, а Белгија со единствениот конкретен удар на натпреваротм стаса до победа.
Во четвртфиналето Белгија ќе игра со Италија, која вчера со 2:1 ја елиминираше Австрија по продолженијата.