Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еуроактив: Финансиската помош од ЕУ добредојдена за Западен Балкан вклучително и за Северна Македонија

0
By Соња Крамарска on October 27, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската Унија вети 500 милиони евра за подобрување на енергетската инфраструктура во Западен Балкан, рече вчера шефицата на Европската Комисија  Урсула фон дер Лајен во Северна Македонија на првата станица од турнејата низ регионот.

Објавата доаѓа откако зголемените цени на енергијата предизвикани од руската војна во Украина и почетокот на зимата предизвикаа шокови низ европските економии кои веќе се борат со зголемената инфлација.

Според Фон дер Лајен, помошта започнува со 80 милиони евра непосредна буџетска поддршка за Северна Македонија за „да помогне во справувањето со влијанието на високите цени на енергијата“.

„Но, секако дека ќе дојде повеќе. На пример, има 500 милиони евра грантови за целиот регион да инвестира во енергетски врски, енергетска ефикасност и секако обновлива енергија“, рече Фон дер Лајен, нагласувајќи ја важноста да се биде независен од руските фосилни горива.

Дел од поддршката е преку заедничко купување на гас на светскиот пазар.

„Енергијата и економската криза предизвикани од војната во Украина ја обединија Европа. Само обединети можеме да се справиме со недостатокот на енергија и храна“, рече премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски.

Веста најверојатно ќе биде добредојдено олеснување за многу земји од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија која доби 80 милиони вера, и чие домашно производство на електрична енергија задоволува само две третини од годишните потреби на земјата.

Повеќето земји од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија, се во различни фази на преговори за потенцијален влез во ЕУ, при што некои нации се формални кандидати за пристап повеќе од една деценија.

Официјални претставници на ЕУ постојано изјавуваат дека земјите од Западен Балкан се дел од европското семејство и покрај долгиот процес на пристапување.

Експертите предупредија дека закочениот процес на интеграција предизвика растечки евроскептицизам, оставајќи простор за зголемување на руското влијание во регионот.

Извор: Еуроактив

еуроактив Северна Македонија финансиски пакет од ЕУ за Западен Балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.