Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еуроактив: Северна Македонија се подготвува за тешки врски со ЕУ откако националистите победија на претседателските и парламентарните избори

0
By Marija Todorovska on May 9, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Под наслов „Северна Македонија се подготвува за тешки врски со ЕУ откако националистите победија на претседателските и парламентарните избори“ порталот Еурактив објавува анализа за вчерашните избори на која се потпишани и АФП и Ројтерс.

„Се чини дека Северна Македонија ќе биде во судир со нејзините соседи од ЕУ, Грција и Бугарија, откако националистичката опозиција победи на парламентарните и претседателските избори. Националистичката ВМРО-ДПМНЕ освои голема победа, во ноќта во која балканската земја ја избра и првата жена шеф на државата“, пишува порталот.

– Почитувани граѓани на Македонија … успеавме. Македонија победи. Ова е историска победа на народот, ја цитира Еурактив изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред насобраните „стотици радосни симпатизери на опозициската централно-десничарска партија ВМРО-ДПМНЕ храбро се спротивставија на дождот пред нивното партиско седиште во центарот на Скопје веејќи национални и партиски знамиња и играјќи на народна музика“.

– Резултатот е разочарувачки и ова е голем удар за СДСМ, рече Ковачевски на прес-конференција на која повика и на темелна ревизија на неговата партија, пишува порталот.

„Успехот на националистичката партија веројатно ќе има големо влијание врз сонот на балканската земја за пристапување во Европската унија. Мицкоски одби да го признае новото име на земјата и историскиот договор со Грција во 2018 година, со кој се додаде „Северна“ во имот за да се реши долгогодишниот спор и ѝ овозможи на земјата да се приклучи на НАТО. Опозицискиот лидер, исто така, вети дека ќе застане цврсто во кавгата со Бугарија околу јазичните и историските прашања поради кои Софија ги блокираше преговорите за пристап на Северна Македонија во ЕУ во последните две години“, коментира порталот.

Бугарија побара од Скопје да го промени својот устав за да го признае бугарското малцинство. Во 2022 година, Бугарија се согласи на предлогот на тогашното француско претседателство со Советот на ЕУ за укинување на ветото за почеток на пристапните преговори на Скопје кога Северна Македонија ќе го додаде бугарското малцинство во уставот на земјата.

Владејачката СДСМ беше подготвена да ги направи измените, но немаше доволен број пратеници за да се изгласаат, додека предизборниот адут на ВМРО-ДПМНЕ беше противење на измена на Уставот, пишува Еурактив.

„Гласачите во балканската земја со 2 милиони жители се фрустрирани од бавниот напредок на нејзината кандидатура за пристап во Европската унија, која беше дочекана со оптимизам во 2005 година, но оттогаш стана амблем на изгубеното ветување на Северна Македонија. Постојаната корупција и бавниот развој, исто така, ги налутија гласачите против владејачката партија“, нагласува порталот.

Во вториот круг гласање за поцеремонијална улога на претседател, Гордана Силјановска-Давкова, универзитетска професорка која беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, убедливо го победи актуелниот претседател Стево Пендаровски поддржан од СДСМ.

– Се прашував себеси со што заслужив таква чест?, изјави Силјановска-Давкова откако беше изгласана за прва жена претседател на државата. „Наградата е бесценета за мене, ова е огромна одговорност“.

Опозицијата најверојатно ќе треба да формира коалиции со помали партнери за да добие мнозинство во парламентот. Разговорите се очекуваат во наредните денови.

„Во пресрет на вчерашната трка, Мицкоски употребуваше сè поагресивен јазик кон најголемата албанска партија во земјата – ДУИ – предизвикувајќи вознемиреност дека реториката може да ги поткопа кревките меѓуетнички односи. Албанците сочинуваат повеќе од една четвртина од населението во земјата од 1,8 милиони, а лидерот на ДУИ Али Ахмети водеше краток вооружен бунт за поголеми права на Албанците во 2001 година, кога НАТО ја повлече поранешната југословенска република назад од работ на граѓанска војна“, пишува Еурактив.

Од прогласувањето независност од Југославија во 1991 година, последователните влади го следеа непишаното правило дека партија на етничките Албанци мора да биде вклучена во владината коалиција.

ДУИ, заедно со сојузот на малцинските партии, се чини дека ќе освои најголем број албански гласови и покрај тоа што Мицкоски ги критикуваше нејзините водачи за наводна корупција.

– Кога и да ја кажам вистината, тие ја искривуваат како напад врз Албанците, рече Мицкоски, пренесува Еурактив.

ВМРО ДПМНЕ еуроактив избори националисти СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.