Published: Thursday, November 28, 2013 11:27
Македонците се најголемата група која бара државјанство во Бугарија. Од вкупниот број издадени државјанства во Бугарија минатата година, дури 44, 4 проценти им биле доделни на Македонци, потврдува извештајот на Еуростат.
Освен во Бугарија, за македонските граѓани најатрактивни биле словенските и кипарските државјанства. Во рацете на македонските граѓани отишле 13,8 проценти од вкупниот број државјанства во Кипар и 9,3 во Словенија.
Во Македонија најголемата група која минатата година добила државјанство се граѓаните на Албанија или околу 20 проценти од вкупниот број државјанства им биле издадени ним.
Во табелата подолу можете да ги погледнете статистиките за секоја европска земја одделно. Табелата е превземена од Еуростат.





