Македонија се приклучи на заедничката изјава за Авганистан иницирана од САД, а која ја сподели Стејт департментот:
„Сите ние сме посветени да обезбедиме нашите државјани и жители, вработени, но и Авганистанци кои работеле со нас и кои се во ризик да можат слободно да продолжат да патуваат до дестинации надвор од Авганистан. Добивме гаранции од страна на Талибанците дека на сите странски државјани и на секој авганистански државјанин со одобрение за патување издадено од нашите земји ќе им биде дозволено безбедно да се упатат до појдовните точки и да отпатуваат од земјата“.
Во заедничката изјава се додава дека земјите ќе продолжат да издаваат дозволи за патување на Авганистанци, а Талибанците презеле обврска дека посочени граѓани ќе можат да отпатуваат до соодветните земји.