Тајната служба ја евакуираше Белата куќа кога непознато лице упадна во зградата Мажот, кој незаконски упадна во Белата куќа е задржан од обезбедувањето и е одведен во болница, изјави портпаролот на Тајната служба Ед Донован.
Тој прецизираше дека станува збор за 42 годишниот Омар Гонзалес од градот Коперас Коув, во сојузната држава Тексас.
Кај мажот не е пронајдено оружје, но Донован истакна дека Гонзалес ја прескокнал високата ограда, успеал да стигне до главниот влез на резиденцијата на американскиот претседател, по што бил задржан од припадниците на обезбедувањето. Претседателот Барак Обама во тоа време не бил во Белата куќа. Бидејќи заминал со семејството во резиденцијата Кемп Дејвид во сојузната држава Мериленд.
Со тоа инцидентот, кој доведе до евакуирање на дел од Белата куќа заврши, а на вработените им е дозволено се вратат на работните места.