Товарниот брод „ Евер Гивен“ кој во март го блокира Суецкиот канал поради што настрада глобалната економија, денеска ги напушти египетските води откако на седми јули пловилото доби дозвола да го продолжи патот.
Веста што ја пренесува Ројтерс, наведува дека на бродскиот радар можело да се види како „Евер Гивен“ се движи кон Медитеранот северно од Египетскиот брег, на пат до Ротердам.
Овој товарен брод е еден од најголемите на светот. По 112 денови застој откако една недела го блокира јужниот египетски пловен пат, огромното пловило вплови кон крајната дестинација.
Над три месеци траеја преговорите со управата на Суецкиот канал и осигурителната компанија на бродот за да може пловилото да отплови кон Европа.